Број 3489  вторник, 25 јануари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter

Грција ја губи самодовербата околу спорот

Најдоброто решение секогаш е претходно предложеното - е оцена на шефот на ЕЛИАМЕП, Лукас Цукалис

Од нашиот дописник
Миркица Поповиќ

Атина - Претседателот на грчкиот тинк-тенк ЕЛИАМЕП, Лукас Цукалис, ја предупреди Атина дека мора да направи големи и ризични промени во начинот како ја води надворешната политика за да не стане уште една балканска држава што живее затворена во својот кафез и, поради несигурност, насекаде околу себе гледа само непријатели. Според него, на Грција и' требаат радикални промени на лицата што се занимаваат со надворешната политика и што ќе бидат сериозни претставници на демократијата и моќни партнери во регионот.

Иако за главен виновник за намалената самодоверба на Грција се смета економската криза, сепак професорот Цукалис посочува дека пример за тоа е и начинот на кој Атина се справува со спорот за името. „Конфликтот со државата која не ја именуваме, ФИРОМ, и фактот дека чувствуваме закана од една мала и економски слаба држава претставува карактеристичен пример за немање самодоверба. Нашата држава беше помоќна страна, но не успеа добро да се справи со овој спор. Компромисните решенија кои беа предложени во 1993 денес ги надминуваат и најоптимистичките очекувања и треба да размислиме каде беа направени грешки. Ова прашање сепак е исклучокот во однесувањето на Грција. Во секој друг поглед државата тогаш почна да се однесува како напредна европска држава“, истакнува Цукалис.

На прашање дали грчката надворешна политика станува попустлива, тој одговори дека во секој дијалог треба да се направи разлика меѓу она што се посакува како решение и она што е возможно. Притоа, ги посочи спорот за името со Македонија и кипарското прашање како примери од кои се гледа дека најдоброто решение секогаш било она претходно предложено. „Оној што ги предлага принципите на преговорите треба да ги објасни и последиците од овој став.“, смета претседателот на ЕЛИАМЕП.

Цукалис посочува дека Грција е средно голема држава која се наоѓа во специфичен регион во кој се уште има неразрешени прашања и проблеми меѓу соседите, кои се одлучувачки за границите на некои од балканските држави. „Не сме во Бенелукс. Она што мора да го направи Грција е да бара моќни сојузници, да има документи поткрепени со факти и да одржува највисоко ниво на сигурност и имиџ на стабилна држава на меѓународната сцена“, нагласува Цакалис, додавајќи дека овие работи се неопходни за државата да може потоа да реши како и до каде ќе преговара со соседите со кои е во конфликт.


#
Статијата е прочитана 3523 пати.

Испрати коментар

Од: Pouka za primer
Датум: 25.01.2011 12:35:48
G-dinot Cukalis bi mozel da posluzi kako primer ne samo za grckite nacionalisti, tuku i za zapalenite makedonski ,,patrioti,,! Samo ludje so vizija i siroka kultura vo Makedonija i vo Grcija mozat da pridonesat za resavanje na ovoj apsurden spor medju dvete zemji.
Од: struma
Датум: 25.01.2011 14:20:55
Lele naslov.....Pa so cel pamet li ste be luge?Grcija ja gubela samodoverbata?Toa znaci deka nemozat so nas..mnogu sme jaki?Pa daj vi se molam ne ni ja potcenuvajte inteligencijata.Gospod neka ni e na pomos i so novinarive..mediokriteti .
Од: trpe
Датум: 25.01.2011 16:09:18
Баш ме поучи сега.Значи Македонските политичари требаат да бидат со апсурдна визија и култура за да биде се ОК за таквите како тебе.За жал негледам ни култура туку само уште една изречена глупост од уште еден квазимакедонец.Разбира ли некој дека се преговара за нешто за кое не требаше ни да помислиме.Култура во случајов може да биде да се просветат Грците и да се извинат за се и се од ново.
Од: vasil
Датум: 25.01.2011 17:10:16
Grcija od vremeto koga go nametna ovoj spor si ja gubi samodoverbata i kredibilitetot. Rezultatot na ovoj process, 131 drzavi ja priznaa Makedonia pod ustavnoto ime. Vo Grtskiot parlament istinata ja kaza Papariga, Grcija nema nishto adut, osven dve veto edno za NATO i edno za EU. I tie ke ispuknat ednash. Karavanot si odi.
Од: Goran
Датум: 25.01.2011 17:33:47
Ne rabiram kako smee da se pregovara za identitetot na eden narod, kako da sme na pazar. Grcija nikogas ne postoela so denesnite granici pred i balkanskite vojni. Egejska Makedonija imala Grcko malcinstvo, ali toa bilo "Malcinstvo". Makedonci, Turci i Albanci ziveele na toa podracje, a i vo 1821 koga Grcija bila oslobodena od Turcite poveketo ziteli vo Atina ne zborele Grcki tuku Albanski. Zosto toa nikoj ne go spomnuva? Koi se denesnite Grci? Kako smeat tie da ni diktiraat kako da se vikame, koga 80% od niv se mesavina na narodi koi sto ziveele vo toa podracje so stotici godini. Kako smeat tie da se povrzuvaat so Antickite Grci? Zosto niv ne gi vikame kvazi patrioti?
Од: АЈ НЕ СЕ ЗАНЕСУВАЈ ПОУКО
Датум: 25.01.2011 19:30:45
Уште утре нека се реши проблемот. Ама не е така. Не е никој патриот. Туку некој се занесува дека нешто имало да се реши меѓу двете земји. Бре мајката. Значи ако се браниш и тоа од фашизам си усијан патриот.Ти оди да решиш фашистичко барање. Да било без етничка одредница. Вие што се занесувате сте за доктор не таканаречените патриоти.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 25.01.2011 19:46:25
Можеби ја губат довербата ама домашните симулациони ползачи никако,тие се тврдокорни и остануваат чврсто и со сјај во очите да не унередат како народ и држава.
Од: od mene
Датум: 25.01.2011 20:44:45
Какви луге со визија ни требаат сега за да си го промениме сопственото име? Ама глуп коментар Цикалис нека им соли памет на Грците нас не ни треба ништо повеке од сопственото име Република Македонија..
Од: do Cukalis
Датум: 25.01.2011 21:59:39
Ne e ni sredno golema drzava.A ovie komentatori neka puknat od maka,bidejki Makedonija nema da si go smeni imeto.
Од: Risto D
Датум: 26.01.2011 02:19:34
Igri i mislenja okolu NASHETO IMI moze da ima sekakvi. Nasha obaveza e da bideme maksimalno vnimatelni so juzniot aramija i poshiroko. Aktuelnata vlada e mn. dobra mozda i podobra od kolku shto mislime. Znam deka postaveni se ogromen broj na precki za postignuvanje na pravo reshenije. Za nas makedoncite samo prekinvanje na pregovorite e pravo reshenije. Pa duri nekoj i da napravi glupost... nie nemozime da bideme neshto drugo osven toa shto sme. No da naglasam, gluposti nema da se tolerirat!
Од: ZA vistinska pouja
Датум: 26.01.2011 07:32:59
Ako Makedonija bi bila so tvoeto mislenje navistina bi go resila nametnatiot spor za imeto a nie bi bile bez identitet i ime a i ne bi postoele. Nepoznati bi bile isto kako i tvojot naslov... a prodasdeni od po odamna.
Од: Od Mene do Vas
Датум: 26.01.2011 09:55:38
Sporot e nametnat - ne apsurden i nema sto da se reshava. Usijani se onie koi mislat pogreshno i se iskazuvaat pogreshno.

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Реплики до Премиерот
Црна листа на газди што не работат фер
Терорист уби 31 лице на московскиот аеродром
Бугарски пасош за „европски рај“
Петмина нови сведоци денеска ќе зборуваат за „Пајажина“
По 14 години, професорите на протест
Што не' тера на неверство?
И ноевите не виреат
Во лаптопот имало и службени документи?
Листа на 10 најскапи автомобили, според „Форбс“
Неколку чекори до сиромаштија
Иванов - Тоше беше како Диоген со фенерот
Лидерските средби како опиум за народот
Пенелопе Круз и Хавиер Бардем станаа родители
Изложба на креации од наши и холандски дизајнери
Моторола со свој таблет од 17 февруари
Би-Би-Си без програма на македонски јазик