Број 3489  вторник, 25 јануари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter

Мислења

Неколку чекори до сиромаштија

Слободан Најдовски

Доколку се погледне структурата на очекуваниот пораст на цените по видови производи, тогаш Владата мора длабоко да се замисли

Деновиве е се' поактуелно прашањето за порастот на цените на храната кај нас, но и во светски размери. Сведоци сме на ценовно приближување, а можеби и надминување на нивото од пред две-три години кога се бележеше највисокиот раст. Како главна причина се наведуваат временските непогоди во регионите што се најголеми производители и главни играчи на светскиот пазар на храна, но не се исклучува и можноста од игри на берзите. Светот е загрижен од евентуалните енормни поскапувања на основните прехранбени производи, кои ќе имаат импликации не само на економијата, туку и на политиката. Само нашата Влада смирувачки си гледа на состојбите. Нивните реакции се дека, според ниското ниво на инфлација што се очекува, и кое во буџетската проекција е предвидено со три отсто на годишно ниво, не треба да бидеме загрижени. Нема да бидам изненаден ако нашата Влада, слично како во почетокот на големата економск�� криза, каже дека ние ќе имаме корист од ваквата ситуација, бидејќи ќе се зголемат цените, пред се', на земјоделските производи и оти државата ќе има позитивен финансиски ефект. Уште повеќе, можеби, ќе ги гледаме нашите министри како ќе соопштат дека како резултат на владината политика во земјоделството се постигнати рекордно високи откупни цени на одделни производи. Тоа ќе биде добра политичка маркетиншка игра кога се во прашање земјоделците, посебно производителите на одредени производи. Но, проблемот со порастот на цените на храната ќе го засегне најголемиот дел од населението, па дури и самите земјоделци.

Политиката на нашата Влада, според нивните кажувања, е насочена кон стимулирање на земјоделското производство, со цел да се обезбеди, во поголема мера, храна од домашни извори и да се овозможи развој на земјоделството, со цел нашите фармери да се вклучат и да бидат конкурентни на меѓународниот пазар. За таа цел Владата се определи за субвенционирање на земјоделското производство, што е добро. Но, во таа насока луташе во определувањето на критериумите и ги менуваше за да се покаже на крај дека не и' била целта да се стимулира земјоделското производство, туку да се опфатат што поголем број гласачи. Но, тоа е тема за друга пригода, кога треба да се одговори на прашањето колку владината политика го зголеми земјоделското производство. Поврзано со прашањето на стандардот на населението, причина за субвенционирање на земјоделските производи е и да се обезбедат цени што ќе ги задоволат производителите, но и да се влијае на малопродажната цена на земјоделските производи како готов производ или како суровина за преработувачката индустрија, со цел да се придонесе за одржување на стандардот на населението. Субвенционирањето и стимулацијата на производството веќе требаше да резултира со зголемено производство и со зголемени количини наменети за пазар. Но, погледнато низ бројките на статистиката, не се доаѓа до тој заклучок.

Според извештајот на државниот Завод за статистика, откупот на земјоделски производи во ноември оваа година е помал за 46 отсто во однос на истиот период минатата година, а кај индивидуалните земјоделци дури за 67 отсто. Откупените количини на некои производи покажуваат дека оваа година има целосно потфрлање, а кај некои, поради самиот циклус на производство, негативната состојба ќе биде долгорочна. Така, во ноември се откупени дури 60 отсто помалку млеко од минатата година што, секако, е последица на состојбите со „Сведмилк“. Иста е состојбата и со откупот на млечни производи. Тоа покажува дека поради намалените количини треба да се очекува зголемување на малопродажните цени на овие производи.

Порастот на цените на прехранбените производи ќе придонесе сиромаштијата да влезе во што поголем број домови. Статистички, можеби, нема да изгледа страшно, посебно гледано преку нивото на стапката на инфлација. На прв поглед, инфлацијата земена како просечно зголемување на цените, не би требало да биде застрашувачка. Но, доколку се погледне структурата на очекуваниот пораст на цените по видови производи и учеството на порастот на цените на храната во нивото на инфлацијата, тогаш Владата мора длабоко да се замисли.

Последните податоци покажуваат дека има незначителен просечен пораст на индексот на трошоците за живот, од аспект на цените на стоките и на услугите за лична потрошувачка во декември во однос на ноември. Но, тоа што загрижува е дека порастот е доминантен кај производите и услугите што се неопходни или без кои не може да се замисли ни еден ден од нашето секојдневје. Така, во декември најголем пораст на цените има кај храната (лебот, овошјето, дел од зеленчукот) и безалкохолните пијалаци. Во таа насока се и трошоците за здравје, а нема да изостанат и трошоците за домување. Мала е утехата дека има пад на цените кај алкохолните пијалаци и цигарите бидејќи без нив некако и се може. Ако во овој контекст се додаде и тоа што во т.н. потрошувачка кошница се опфатени само основните потреби за храна и за хигиена, а се изоставени другите трошоци неопходни за едно семејство, тогаш сликата е уште позагрижувачка.

Сигурно дека квалитетот на живеење во 2011 година ќе опадне. Еден дел од населението во Македонија ќе биде на прагот на гладување, му изгледало тоа некому како престрога констатација или не, и доколку не се преземат соодветни мерки ќе бидеме сведоци на се' поголем број стории за гладни семејства. Голем дел од семејствата, кои статистички нема да бидат сместени во категоријата сиромаш��и, сепак, тешко ќе го исполнат нивото на минимално прифатлив начин на живеење, и сите тие ќе бидат не сто, туку само неколку чекори до прагот на сиромаштијата. Таканаречената средна класа кај нас ќе биде мислена именка. Причина за ваквата состојба ќе биде тоа што најголем дел од своите примања граѓаните ќе издвојуваат за храна и за основни егзистенцијални потреби, а нема да им остане за други социјални и културни потреби.

Овие показатели упатуваат на неопходноста од преземање мерки и изработка на владина стратегија за заштита не само на најранливите категории население. Очигледно е дека постојните мерки во сферата на социјалната политика не дадоа резултати. Владата, исцрпувајќи го стопанството и насочувајќи големи финансиски средства за непотребни и непродуктивни цели, значајно придонесе за зголемување на бројот на население што е под линијата на сиромаштијата.

Анализата на сиромаштијата, во иднина, е значајна и од аспект на политичките збиднувања кај нас. Таа е добра основа за политичка манипулација кога се во прашање претстојните избори, а можеби и тоа е стратегија на оваа Влада.

(Авторот е поранешен пратеник)


#
Статијата е прочитана 954 пати.

Испрати коментар

Од: hak
Датум: 25.01.2011 19:58:48
Ovaa vlada udira samo po vrabotenite vo privatniot sektor. Za socijalcite dava po 600 den z struja, plus 100 den za decata vo sredno obrazovanie, oslobodeni od ova od ona od se oslobodeni, nie sto rabotime sme optovareni so se i sesto. podobro nevraboten otkolku sopstvenik na privvatna firma. Zatoa cuti sivata ekonomija
Од: видовит
Датум: 25.01.2011 21:01:47
Владата ќе изготви и стратегија и ќе преземе конк- ретни мерки за сузбивање на сиромаштијата.На пример една ептен корисна кампања под мотото : Издржете!

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Реплики до Премиерот
Црна листа на газди што не работат фер
Терорист уби 31 лице на московскиот аеродром
Бугарски пасош за „европски рај“
Грција ја губи самодовербата околу спорот
Петмина нови сведоци денеска ќе зборуваат за „Пајажина“
По 14 години, професорите на протест
Што не' тера на неверство?
И ноевите не виреат
Во лаптопот имало и службени документи?
Листа на 10 најскапи автомобили, според „Форбс“
Иванов - Тоше беше како Диоген со фенерот
Лидерските средби како опиум за народот
Пенелопе Круз и Хавиер Бардем станаа родители
Изложба на креации од наши и холандски дизајнери
Моторола со свој таблет од 17 февруари
Би-Би-Си без програма на македонски јазик