Број 3489  вторник, 25 јануари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter

Терорист уби 31 лице на московскиот аеродром

Москва - Триесет и едно лице загина во експлозијата, што одекна на московскиот аеродром Домодедово, а 130 лица се ранети, соопшти Министерството за социјален развој на Русија.

Експлозијата, што одекна вчера во 16:32 часот по московско време во зоната каде пристигнуваат патниците од меѓународните летови, според оперативците од Федералната служба за безбедност (ФСБ) на Русија е терористички напад.

Според првичните информации бомбата била активирана од терорист камиказе. На аеродромот се испратени дополнителни сили на Министерството за внатрешни работи и на ФСБ. Зајакнати се мерките за безбедност на сите московски аеродроми.

Летовите на најфреквентниот московски аеродром доцнат. По експлозијата, на патниците кои ја минале регистрацијата, не им се дозволува да влезат во зоната за пасошка контрола.

Зоната каде пристигнуваат патниците од меѓународните летови е блокирана од полицијата. Патниците, кои излегуваат од зоната за земање на багажот, каде одекна експлозијата, се замолени итно да го напуштат аеродромот. (МИА)


#
Статијата е прочитана 869 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Реплики до Премиерот
Црна листа на газди што не работат фер
Бугарски пасош за „европски рај“
Грција ја губи самодовербата околу спорот
Петмина нови сведоци денеска ќе зборуваат за „Пајажина“
По 14 години, професорите на протест
Што не' тера на неверство?
И ноевите не виреат
Во лаптопот имало и службени документи?
Листа на 10 најскапи автомобили, според „Форбс“
Неколку чекори до сиромаштија
Иванов - Тоше беше како Диоген со фенерот
Лидерските средби како опиум за народот
Пенелопе Круз и Хавиер Бардем станаа родители
Изложба на креации од наши и холандски дизајнери
Моторола со свој таблет од 17 февруари
Би-Би-Си без програма на македонски јазик