Ивановиќ прва полуфиналистка, Шарапова запрена во 4. коло на Ролан Гарос
Ана Ивановиќ (20) се пласира во полуфиналето на Ролан Гарос по убедливата победа над 10. носителка, Швајцарката Пети Шнидер со 6:3, 6:2. На патот кон второто финале во низа на францускиот Гренд слем сега и' стои уште подобрата од четвртфиналната пресметка меѓу нејзината сонароничка Јелена Јанковиќ и шпанската квалификантка, Карла Суарез Наваро.
„Почна по малку да врне, па бев принудена да ги забрзам работите. Очекував тешок и неизвесен меч, но благодарение на играта што ја прикажав јас просто уживав на теренот“, изјави Ивановиќ на која и' беа потребни 76 минути за меч топка против Шнидер.
Со неверојатен кам-бек во мечот, откако беше на прагот на пораз, Русинката Динара Сафина успеа да направи чудо и да ја елиминира првата носителка и главна фаворитка за титулата на Ролан Гарос 2008, Марија Шарапова, со 6:7, 7:6, 6:2. По 172 минути епска битка Шарапова беше принудена да потпише капитулација, а претходно во раце имаше и меч топка.
Пласман во четвртфиналето обезбеди Русинката Светлана Кузнецова по триумфот над Азаренка од Белорусија со 6:2, 6:3, а последна што обезбеди билет меѓу најдобрите е осум е Естонката Канепи која славеше над Квитова од Чешка со 6:3, 3:6, 6:1.
Резултати од мечевите на Ролан Гарос
Жени, четвртфинале: Ивановиќ (2., Србија) - Шнидер (10., Швајцарија) 6:3, 6:2.
Жени, 4. коло: Сафина (13., Русија) - Шарапова (1., Русија) 6:7, 7:6, 6:2; Кузнецова (4., Русија) - Азаренка (16., Белорусија) 6:2, 6:3; Канепи (Естонија) - Квитова (Чешка) 6:3, 3:6, 6:1.
Мажи, 4. коло: Монфилс (Франција) - Љубичиќ (28., Хрватска) 7:6, 4:6, 6:3, 6:2; Федерер (1., Швајцарија) - Бенето (Франција) 6:4, 7:5, 7:5. |