Брoj 2703  среда, 04 јуни 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска


Site Meter
Спорт

Баражот за опстанок Силекс - Беласица в недела во Скопје

Со неделните бараж-натпревари за опстанок во Првата фудбалска лига меѓу Силекс и Беласица, односно меѓу Башкими и Миравци, како и со трите квалификациски натпревари за влегување во Втората лига, ќе заврши годинашново фудбалско првенство на Македонија. Во баражот за опстанок во прволигашкото друштво Силекс и Беласица ќе играат во Скопје на Градскиот стадион додека Башкими и Миравци ќе се сретнат на стадионот под Тумбе кафе во Битола в недела на 8 јуни.

Вчера беше извршена и ждрепката за трите квалификациони двојки за пополнување на Втората фудбалска лига, во која ќе играат прваците на петте региони плус Локомотива од Скопје, која мора да игра бараж за опстанок во Втората лига.

Според ждрепката се среќаваат: во Кавадарци Локомотива - Осогово (Кочани), во Струмица Лепенец (Скопје) - Новаци, и во Прилеп ќе играат Кожув (Гевгелија)-Љуботен (Тетово). Победниците од овие три средби ќе станат нови членови на Втората лига која од есен ќе брои 16 клубови. Овие мечеви се играат в сабота на 7 јуни. Почеток на натпреварите е во 16.30 часот. Доколку во регуларното време средбите завршат без победник, ќе се играат продолженија од 2х15 минути, а доколку и тогаш не биде познат победникот, ќе се изведуваат пенали. (М.М.)


Статијата е прочитана 137 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Спорт
Радост на „пингвините“ по дури 110 минути против Детроит
Ивановиќ прва полуфиналистка, Шарапова запрена во 4. коло на Ролан Гарос
Тормозова прескапа за Кометал
Кој ќе ја каже вистината за Вардар?
Бостон и Л.А. Лејкерс го обновуваат ривалството
Фудбалски вести
Мозли ја доби довербата на ФИА