Брoj 2703  среда, 04 јуни 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска


Site Meter
Спорт

Кој ќе ја каже вистината за Вардар?

До кога новото раководство ќе ја манипулира јавноста со наводните нови спонзори на клубот

Миодраг Мицковиќ

Дали некој конечно во Вардар ќе ја каже на јавноста вистината за состојбите во нашиот најтрофеен фудбалски клуб, кој е во моментот пред невиден колапс кој може да има катастрофални последици за поранешната гордост на Македонија.

До кога ќе се манипулира јавноста со имињата на разни спонзори кои треба да вложат милионски суми и да го преземат раководењето на клубот.

Секојдневно читаме разни изјави на в.д. претседателот Ванчо Шехтански, на кои веќе никој не им верува бидејќи секој ден ги менува. Многу прашања треба да се постават на новото раководство на клубот, практично и не знаеме на кого бидејќи се' уште не е најјасно кој всушност раководи со Вардар. Навивачите, кои имаат 51 посто од членови во Собранието на клубот и според сите резони тие се „главните“. Или, пак, тоа е поранешниот претседател Борче Ристески, кој наводно својот колективен член го има префрлано на голманот Муарем Зекир, кој е веќе неколку месеци тренер во Азербејџан, во Баку заедно со Ѓоко Хаџиевски. Можеби главен газда е Јордан Камчев кој има свои 15 члена во Собранието и кој побарува доста пари од клубот поради што уште од 1991 година ја има блокирано жиро-сметката на Вардар.

Никој засега не даде одговор зошто се прекинати преговорите со белграѓанецот Мирослав Поповиќ кој има своја фирма на Малта, „Планет М Лимитед 2“ кој, како што тврди адвокатот Тасевски, преку чија канцеларија е упатена понудата, мошне поволна за сопнзорирањето на Вардар во износ од 6,3 милиони евра. Фирмата, која како што претседателот Шехтански појави во печатот требало до изминатиот петок да уплати на сметка на Вардар 1,2 милиони евра бидејќи нејзината понуда за спонзорирање била прифатена како најповолна.

Кој ја прифатил понудата, никој не знае. Меѓутоа, преку ноќ, преговорите со „Планет М Лимитед 2“ беа прекинати, бидејќи наводно како спонзор на клубот бил заинтересиран газдата на Работнички Кометал, Трифун Костовски. Дури таа понуда била мошне сеирозна. Барем така изави в.д. претседателот Ванчо Шехтански. Ако е тоа точно тоа би било спас за Вардар.

Што понудил Трифун Костовски и дали воопшто нешто понудил на новото раководство на Вардар, тоа никој не го спомнува. Дали новото раководство се „оладило“ кога газдата на „Планет М Лимитед 2“ јасно им ставил до знаење дека ќе спонзорира во клубот под свои услови, не по критериумите што ги наметнале луѓето, членови на Иницијативниот одбор за спас на Вардар, кои сигурно не му одговарале бидејќи тие биле класичен рекет за новиот спонзор.

Зошто наеднаш преговорите со „Планет М Лимитед 2“ биле прекинати, речиси веќе неговата понуда не се спомнува. Сега на дневен ред, во изјавите е спонзорирањето од страна на Трифун Костовски, кој воопшто досега не се појавил во јавноста со некоја своја изјава дека сака да го преземе Вардар.

Тој веќе бшее еден од спонзорите во Вардар некаде во 1991 година, но бргу се повлече кога виде со кого има работа. Тешко е да се поверува дека Трифун Костовски, без оглед колку го сака Вардар и го привлекува неговиот бренд, кој не е мал, ќе влезе во клубот во една вака хаотична состојба, со блокирана жиро-сметка повеќе од 11 години, со нерасчистени правни односи во клубот со Борче Ристески и Јордан Камчев, со неизвршена контрола каде се загубија милионските суми од трансфери на играчите и колку практично се долговите или побарувањата на Вардар.

Таа сума упорно се крие од јавноста. Или, пак, никој не ја знае бидејќи документацијата се шеташе од еден до друг, при разни нелегитимни собранија што ги имаше повеќе.

Но, едно е најсигурно. Во моментот Вардар нема спонзор, нема пари, повеќето играчи се суспендирани затоа што бараат да им се исплатат платите и ратите, Вардар годинава нема да се појави и во Европа во Интер тото купот каде можеше нешто и да заработи од оние пари што ги дава УЕФА, но, за жал, токму поради немање пари за да уплати за добивање на лиценца, мораше да се збогува од Интер тото купот.


Статијата е прочитана 453 пати.

Испрати коментар

Од: prijatel na makedonija
Датум: 04.06.2008 03:21:25
Ne mi e jasno koj go najde i kaj go najde ovoj sarlatan od advokat i covek da go stavi za v.d. pretsedatel.Samo znaete sto:"vo vakvi matni vreminja kako sto go zafatija Vardar samo vakvi susumigi mozat da profitiraat".Tesko na Vardar so onoj kreten Kamcev i ovaa nesreka od advokat koj veke podolgo vreme se maci da go privlece vnimanieto na javnosta vo Makedonija.Navistina zalno za Vardar smetam deka najmalku sto zasluzi e da go snajde ova sto go snajde.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Спорт
Радост на „пингвините“ по дури 110 минути против Детроит
Ивановиќ прва полуфиналистка, Шарапова запрена во 4. коло на Ролан Гарос
Тормозова прескапа за Кометал
Баражот за опстанок Силекс - Беласица в недела во Скопје
Бостон и Л.А. Лејкерс го обновуваат ривалството
Фудбалски вести
Мозли ја доби довербата на ФИА