Брoj 2703  среда, 04 јуни 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска


Site Meter
Спорт

Мозли ја доби довербата на ФИА

На вчерашното гласање во Париз за претседателот се изјаснија 103 делегати, а 55 беа против

Претседателот на меѓународната автомобилистичка федерација ФИА, Макс Мозли, убедливо триумфира во вчерашното гласање за доверба, што му овозможи да остане на функцијата и покрај секс-скандалот во кој беше вмешан и кој сериозно му ја разниша репутацијата. На тајното изјаснување на вонредното Генерално собрание на ФИА во нејзиното седиште во Париз за 68-годишниот Британец гласале 103 делегати, а 55 биле против. Отсуствувале седуммина, а четири ливчиња биле неважечки.

Мозли ги игнорираше повиците да се повлече откако таблоидот „Њуз оф д ворлд“ објави детали од неговата вклученост во тоа што весникот го опиша како „садомазохистичкиа оргија со проституки во нацистички стил“.

Известувачите велат дека синот на лидерот на британските нацисти за време на Втората светска војна бил одушевен од развојот на настаните. Сепак, ветил дека во иднина ќе биде малку присутен во јавноста. Тој е на чело на ФИА веќе 15 години, а се очекува да се повлече на крајот од мандатот во октомври наредната година.

Меѓутоа, првиот човек на Формула 1, Берни Еклстоун, предупреди дека Мозли веројатно ќе бара реизбор откако доби доверба.

„Проблемот е во тоа што, ако остане до 2009, тој повторно ќе се кандидира. Стопроцентно сум убеден во тоа. Не, милион проценти. Токму тоа и го изјави: ’Не морам ништо да сторам. Ќе има нови избори и ќе можам да останам ако сакам“.

Победата на Мозли во гласањето предизвика жестока реакција од германската АДАК, најголема автомобилистичка асоцијација во Европа, која соопшти дека ги замрзнала активностите на светската федерација во знак на протест.

„АДАК гледа со жалење и со неверување на одлуката на Генералното собрание на ФИА во Париз, која го потврди останувањето на Мозли на функцијата претседател“, се вели во соопштението на АДАК. „Од тие причини најголемиот автомото клуб во Европа ги стави надвор од функција своите активности и соработката со работните групи на ФИА на светско ниво. АДАК ќе остане на својата одлука се' додека Макс Мозли е претседател на ФИА“.

Роберт Дарбелнет, кој ја претставува Автомобилистичката асоцијација на Америка со повеќе од 50 милиони членови во САД, им изјави на новинарите дека ААА исто така ја преразгледува својата позиција во рамките на меѓународната федерација.


Статијата е прочитана 70 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Спорт
Радост на „пингвините“ по дури 110 минути против Детроит
Ивановиќ прва полуфиналистка, Шарапова запрена во 4. коло на Ролан Гарос
Тормозова прескапа за Кометал
Кој ќе ја каже вистината за Вардар?
Баражот за опстанок Силекс - Беласица в недела во Скопје
Бостон и Л.А. Лејкерс го обновуваат ривалството
Фудбалски вести