Брoj 2703  среда, 04 јуни 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска


Site Meter
Спорт

Тормозова прескапа за Кометал

Пет-шест ракометарки од соседството се во комбинација, а се бараат голман, пикер и лево крило

Роберт Димитриевски

Русинката Наталија Тормозова (23) нема да застане на голот на Кометал Ѓорче Петров во новата сезона бидејќи македонскиот ракометен првак не ги прифати нејзините услови. Голманката на Кубан од Краснодар беше една недела на проба во Скопје пред заминувањето на македонската репрезентација на мини-турнејата во Србија и во Хрватска, по што нејзиниот менаџер побарал превисока сума и тука завршила приказната околу евентуалниот ангажман. Од клубот не се многу задоволни ни од тоа што освојувачката на златниот медал на Светското јуниорско првенство 2003 во Македонија го прикажа на тренинзите со ѓорчепетровки.

Со Исланѓаните, сепак, во новата сала

Желбата на македонските ракометари ќе се оствари - Исланд ќе го пречекаат во новоизградената сала „Борис Трајковски“ во Скопје. По интензивна комуникација меѓу Ракометната федерација на Македонија и раководството на салата, на чело со директорот Борис Змејковски, вчера конечно беше постигнат договор средбата да се одржи како дел од тестирањето на објектот, кој се' уште нема технички прием. За денеска е најавено одредувањето на цените на влезниците и на денот кога ќе бидат пуштени во продажба.

Натпреварот Македонија - Исланд, прв во рамките на двомечот од баражот за Светското првенство 2009 во Хрватска, ќе се одигра в недела од 20,15 ч. и ќе го водат шпанските судии Висенте Брето Леон и Хосе Антонио Уелин Трилјо, делегат ќе биде поранешниот ракометен судија Владимир Ранчик од Словачка. Возвратниот дуел е закажан за 15 јуни од 16 ч. по локално време во Рејкјавик.

Исланѓаните пристигнуваат в петок директно од Полска, каде што минатиов викенд во Вроцлав имаа успешен настап на квалификацискиот турнир за Олимписките игри во Пекинг. Со победата од 29:25 над директниот конкурент Шведска во последното коло го освоија второто место во групата, кое вторпат едноподруго ги води на олимпијадите по Атина 2004. (Р.Д.)

На заеднички состанок на раководството на европскиот шампион од 2002 година со тренерот Владимир Глигоров пред неколку дена е договорено да се продолжи потрагата по голман, пикер и лево крило како најдефицитарни позиции во тимот. Со оглед на тоа дека буџетот и во наредната сезона ќе биде ист како во претходната, се бараат играчи со среден квалитет, на возраст меѓу 22 и 24 години. Во моментов се контактира со пет-шест ракометарки од Хрватска, од Србија и од Романија. Поради лошото искуство, посебно со Белорусинките Сафонова и Арцјоменка, погледите овој пат не се свртени кон некогашните советски републики.

Покрај странци, ќе бидат ангажирани и една до две ракометарки од Македонија, а паралелно течат и преговорите со играчите на кои им истече договорот. Од клубот се оптимисти дека крилата Валентина Радуловиќ и Драгана Пецевска ќе останат, а се прават обиди да се задржат и голманката Тања Андреева и бекот Мирјета Бајрамовска. Засега единствено со Анжела Платон не е продолжена соработката, дотолку повеќе што Наташа Младеновска се наметна на линијата од шест метри.

По неколку години почнување директно во групите од Лигата на шампионите, Кометал Ѓорче Петров наесен веројатно ќе мора да се пробива низ квалификациите. За тоа добро ќе му дојде потврдениот настап и годинава на традиционалниот „Зика куп“ во германскиот град Бад Урах, како и учеството во новоформираната Регионална (балканска) лига, во која го очекуваат 15 натпревари.


Статијата е прочитана 444 пати.

Испрати коментар

Од: VLATCE
Датум: 04.06.2008 20:16:47
I jas imam slusnato deka Tormozova ne poseduva kojznae kakov kvalitet.Taka da se nadevam deka mnogu brzo ke se znaat iminjata na rakometarkite koi ke bidat zasiluvanje vo KOMETAL.I od se srce posakuvam da ostane Radulovic,Pecevska,Anreeva i Bajramovska.Misam deka imame tim za visoki dostreli,i koga se dodadat tie 5-6 rakometarki so koi se kontasktira,i vrakanjeto na Portjanko i Oholanga mislam deka sme zakon tim.Kissss

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Спорт
Радост на „пингвините“ по дури 110 минути против Детроит
Ивановиќ прва полуфиналистка, Шарапова запрена во 4. коло на Ролан Гарос
Кој ќе ја каже вистината за Вардар?
Баражот за опстанок Силекс - Беласица в недела во Скопје
Бостон и Л.А. Лејкерс го обновуваат ривалството
Фудбалски вести
Мозли ја доби довербата на ФИА