31.08.2012, 17:12 Телевизиите ги спасија дозволите
Советот за радиодифузија ја одложи иницијативата за одземање на дозволите за вршење радиодифузна дејност за неколку радио и телевизиски станици кои не го платиле надоместокот за дозвола за работа. Причината зошто не беше отворена постапка за неплаќачите е тоа што рокот за уплата на средствата е заклучно со вчерашниот ден.
Во СРД сметаат дека не треба да се исклучи можноста некои од дифузерите да го платат долгот до крајот на денот, а за оние што нема да го испочитуваат и овој рок, ќе се расправа на седницата на Советот закажана за вторник. Станува збор за трговските радиодифузни друштва АБ Канал, Сител 3 и Наша ТВ, како и Радио Пехчево, Беса од Долнени и Емикс од Охрид.
На вчерашната седница, СРД ја разгледа информацијата, односно барањето на Наша ТВ за согласност за промена на сопственичката структура. Со направените измени, сега во Наша ТВ како сопственици се јавуваат три правни и физички лица. (Љ.С.) |