Заеднички концерт на Влатко Стефановски и Стефан Миленковиќ
Македонскиот гитарски виртоуз Влатко Стефановски и виолинистот Стефан Миленковиќ, своевремено опишуван како чудо од дете, ќе одржат заеднички концерт! Двајцата врвни музичари ќе настапат во „Сава центар“ во Белград на 22 декември, пишува српски „Блиц“. Влезниците се веќе во продажба, а репертоарот се подготвува на големо. Неофицијално, Миленковиќ првпат ќе свири нешто што не е класична музика. „Можноста да свирам со Влатко ја сфаќам како привилегија. Тој е човек од кого може секој музичар многу да научи. Има страшна техника и огромна емоција“, изјави Миленковиќ. „Стефан е виолинист од светско реноме и навистина ми е задоволство и чест да свирам со него. Интересно е што доаѓаме од различни жанрови и мислам дека ќе направиме многу интересен спој“, изјави Влатко Стефановски за „Блиц“.
|