Автомобили
„Пежо 508“ - лавот ги потврди благородните гени
Кога станува збор за стилот „508“, се има впечаток дека е направен од еден потег, со голема елеганција
Горан Керим
Новиот „пежо 508“ e двоен наследник од една страна на лимузината од пониската средна класа „пежо 407“, односно од средна класа „пежо 607“. Бидејќи е така, новиот модел во каросериска изведба со четири врати како лимузина, е подолг за 10 сантиметри од моделот „407“, а во караванска верзија - SW, за пет сантиметри. Меѓуоскиното растојание, пак, е зголемено за 9,2 сантиметри. Во „Пежо“ тврдат дека моделот „508“ има внатрешни димензии слични на тие од моделот „607“. Во принцип, доволно простор за две лица високи по 1,93 метри, во целосен комфор, да седнат еден зад друг во автомобилот.
Иако е поголем и има повеќе опрема, тоа не значи и дека „508“ e потежок. Инженерите посветија посебно внимание во употребата на специјален челик и други материјали, така што со иста опрема и мотор, новиот модел е полесен за 35 килограми од „ 407“.
Кога станува збор за стилот „508“, се има впечаток дека е направен со еден потег, со голема елеганција, додека ентериерот е исто така елегантен и исклучително квалитетен. Караванската SW изведба ќе може да се опреми со панорамски покрив како продолжување на шофершајбната. Стилистите посветија големо внимание на остриот поглед на предните фарови. Исто така, не е заборавена ниту аеродинамиката на каросеријата што има коефициент на отпор од само (Cw) 0,25.
„Пежо 508“ ќе има погонска група од три бензински мотори и пет дизел. Меѓу бензинците се истакнуваат 1.6 THP со 156 коњски сили и со мануелен шестостепен менувач како и 1.6 VTi so 120 коњски сили. Од дизелските агрегати тука се 1.6-литарскиот HDi со 112 коњски сили, потоа две варијанти на 2.0 HDi агрегатот, едниот со 140 и другиот со 163 КС. За љубителите на високи перформанси, но и на ниска потрошувачка, идеален избор е моделот „ 508“ со 2.2 HDi дизел агрегат, со 204 коњски сили. Последниот агрегат е наполно нов и ќе се комбинира само со шестстепен автоматски менувач, специјално развиен за него.
Просечната потрошувачка на изведбата опремена со дизел-мотор со зафатнина од 1.6 литри со HDi технологија, со 112 КС и со старт-стоп систем; изнесува само 4,4 литри на изминати 100 км. Во догледно време на пазарот ќе се појави и хибридна изведба на „507“ со емисија од само 99g/CO2 на еден изминат километар и ќе располага со погон на сите тркала. Дизел-моторот со 200 КС ќе ги придвижува предните тркала, а електромоторот задните.
Се очекува продажбата на новиот „508“ да стартува во првиот квартал од идната година.
ИталиЈанските новинари гласаа
„Алфа ромео џулиетa“ избрана за „Европски автомобил 2011“
Италијанската Унија на новинари аутомотив (UIGA) и ја додели наградата „Ауто Европа 2011„ на „алфа ромео џулиета“. Mиланската убавица е избрана од 41 финалист. Со 349 гласа компактната „Џулиета“ се најде пред „цитроен DS3“ (300), „пежо RCZ“(125), „волво S60“ (122) и „БМВ 5 седан“ (100).
Ова е петта победа во 25 избор (Mи-To (2009), „166“ (1999), „156“ (1998) и „164“ (1988). Престижното признание го доделува Италијанската Унија на новинари аутомотив (UIGA), избирајќи најдобар автомобил произведен во најмалку десет илјади примероци (за спортските автомобили илјада), во 26 земји на ЕУ, меѓу 1 септември и 31 август претходната година.
„Џулиета“ победи во три од петте предвидени параметри: дизајн и аеродинамика, перформанси, потрошувачки и емисии како и технологија, сигурност и иновација. „Џулиета“ плени со дизајнот, но и со просторност и удобност. Софистицираните шеми избрани за потпирањето и активниот волан со двојна летва, квалитетните материјали и продуктивните технологии овозможуваат врвна удобност.
Во рамките на Viva l'Auto, како најдобар автомобил за фирма е избран „фијат пунто ево“. Над 8.500 новорегистрирани возила, (учество на пазарот од над 40%), со извонредни мотори кои екодрајв-систем им овозможија на компаниите да ја контролираат емисијата на јаглероден диоксид и да ги намалат трошоците за гориво за 15%.
Нов „СААБ 9-4x“
Шведскиот производител на премиум-модели се враќа во игра. Скандинавците во ноември на Автосалонот во Лос Анџелес ќе го претстават својот нов кросовер од средната класа „СААБ 9-4x“. Препознатливиот дизајн, врвните материјали и квалитетната изработка не се спорни. Комбинацијата на врвни возни својства и комфор на „седан“, со можности на вистински кросовер со адаптибилна шасија, 4х4 системот ХWD на СААБ гарантираат уживање во возењето во сите услови. Моќните перформанси се потврдени со 3,0-литарскиот В-6 мотор со 256кс, како и 2,8-литарската изведба со двојна турбина и 300 кс. Стартот на продажбата во САД е мај идната година, а во Европа доаѓа во август наредната година.
„Смарт“ со пет врати
Овој субкомпакт на „Дајмлер“ е резултат од соработката со групацијата „Рено -Нисан“. Базиран врз платформата на новата „нисан микра“, малиот „смарт“ ќе добие покомфорна изведба што ќе биде понудена најнапред на американскиот, а потоа и на европскиот пазар.
„Ауди“ продаде во Кина еден милион автомобили
„Ауди“ деновиве постигна значаен успех на кинескиот пазар, продавајќи го својот милионити примерок, синосребрениот модел на „ауди Q5“. Oд оваа бројка 950.000 се произведени во погоните во Кина, а 50.000 се увезени од Германија. За да ја постигне оваа бројка, на „ауди“ му требаа 22 години, но за новиот милион „Ауди“ предвиде покус рок од само три години. Инаку, во кина „Ауди“ стартуваше со производството на моделот „100“ во 1988 година, потоа моделот „200“ 1995 година, по што следуваа продолжените верзии на „А-6“ и „А-4“, како и на „Q-5“.
Промоција на „Сангјонг корандо“
Во рамките на годинешново издание на „Технома 2010“ фирмата „Мак ратола“, овластен увозник на возилата на корејскиот производител „Сангјонг“, го промовира моделот „корандо“. Станува збор за компактен SUV со нова платформа, нова каросерија и мотор. Ова е првото возило на марката со единична школка. Инаку, ова е четврта генерација на моделот, дизајнерска креација на Џорџето Џуџаро. Атрактивниот дизајн во комбинација со силата и безбедноста, со погон ��а сите тркала, еколошките материјали во ентериерот и голмиот комфор го прават „корнадо“ ексклузивно возило, различно од постојните СУВ-модели. Моторот eXDi200 е со 2,0 литри зафатнина, со175КС и потрошувачка од само 6.0л/100km. Опремен е со шестстепен автоматски менувач, со E-троник. В година се очекува и бензинска верзија. Најголем адут на „Мак ратола“ е цената, што стартува од 20.100 евра за базниот модел.
Подготвува: Владимир Ристовиќ |