Зуица Лазова и ќерка и' доживеаја сообраќајка
Познатата фолк-пејачка и нејзината осумгодишна ќерка вчераутро во скопската населба Кисела Вода беа полесно повредени во сообраќајна незгода
Фолк-пејачката и водителка Зуица Лазова и нејзината осумгодишна ќерка Македонка се полесно повредени во сообраќајна несреќа што се случи вчераутро околу 8,20 часот, на улицата „Народни херои“ во скопската населба Кисела Вода.
Лазова, која го управувала моторното возило „форд скорпио“, од засега нејасни причини удрила во дрвен столб на тротоарот на главната улица, а по шокот, таа и ќерка и' веднаш биле пренесени во Ургентниот центар по што се пуштени на домашно лекување. Сообраќајната несреќа ни ја потврди и нејзиниот сопруг, фолк-пејачот Наум Петрески, кој веднаш се најде на местото на настанот. „И Зуица и Македонка се добри. Дома се и се одмораат“, кратко прокоментира Петрески.
Очигледно е време семејството Петрески да го замени стариот „форд скорпио“ со некој понов модел. Со истиот тој автомобил беше повреден и Наум Петрески кога пред три години, на патот Прилеп - Градско, во обид да избегне директен судир со автомобил што доаѓал од спротивната страна - излета од патот, удри во банкината и падна долу во ендекот. Повредите, за среќа, не беа сериозни. (У.В.) |