Миле Кузмановски со спот за „Крал без круна“
Прелистувајќи ја хрониката на македонскиот фолк ( навистина се' уште ненапишана) може да се утврди дека Миле Кузмановски е еден од пионерите во овој жанр, кој своите песни започна да ги визуелизира и со спотови. Неговиот спот за песната „Не кани ме“ од пред десетина години веројатно е меѓу првите, ако не и прв спот во фолк-музиката.
Кога веќе еднаш тргнал по тој пат на градење кариера со музика и спот, се чини, нема враќање. Така, неодамна Миле заврши со снимањето на спотот за својата најнова песна „Крал без круна“, чиј комплетен автор е Александар Митевски. Спотот е изработен од продукцијата „Фабрика“, а режисер е Марјан Огненовски. Снимањето во скопскиот Градски парк траеше два дена, а сите инволвирани во снимањето тврдат дека спотот за „Крал без круна“ стилски се разликува од вообичаените спотови на македонските фолкери. (Ј.П.) |