Бени промовираше македонска рок „Лектира“
Секој со минимум општа култура од македонската рок-продукција, веројатно, си има период во животот кога се идентификувал со некоја песна од албумот „Лектира“ што го промовираше Бени Шакири во вторникот, на 7 декември во ресторанот „Воденица“. Во оваа „Лектира“ Бени им дава нов „идентитет“ со својата интерпретација на осумте песни од македонската рок-историја, како што се: „Пушти коси“, „Неправда“, „Дал да плачам ил да пеам„, „Цимер“, „Високи штикли и црни чорапи“, „Нена“, „Чукни во дрво“, „Лага и измама“. За овој проект, кој Бени со својот бенд од млади музичари го има работено цела година, има добиено „благослов“ од изворните изведувачи ( групите: „Зијан“, „Лева патика“, „Бис без“, „Токму така“, „Конкорд“, „Меморија“, „Леб и сол“, Џафер...), од кои многумина се појавија и на промоцијата ( Влатко Стефановски, Венко Серафимовски, Петар Георгиевски- Камиказа, Мики Јовановски - Џафер, Коце Икономов...).На своевидниот рок - собир во чест на промоцијата на албумот на Бени преовладуваше расположението дека постои надеж за одржување на урбаната рок- култура во Македонија, макар и со „препрочитување“ на „Лектира“. (Ј.П.) |