Број 3452  четврток, 09 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
Забава

Трет концерт на Влатко Стефановски и Стефан Миленковиќ во Белград

Бидејќи билетите за вториот концерт на Влатко Стефановски и Стефан Миленковиќ во белградскиот „Сава центар“ речиси се распродадени, организаторите се одлучија да додадат уште еден настап, кој ќе биде одржан на 27 декември.

„Интересот навистина е незапаметен“, велат од „Белградска културна мрежа“, која е продуцент на концертите. Првите два концерта се распродадени речиси за неколку дена, а, без сомнение, така ќе биде и со третиот концерт. Се разбира, тоа не зачудува, зашто станува збор за нешто многу повеќе од обичен концерт. Влатко и Стефан на големо го подготвуваат репертоарот и ќе ни приредат навистина фантастични незаборавни вечери. Инаку, третиот концерт воедно ќе биде и финален за оваа година - велат белградските организатори за српскиот дневен весник „Блиц“.

Настапите на Влатко Стефановски и Стефан Миленковиќ ќе бидат одржани на 22, 23 и 27 декември во Големата сала на „Сава центар“, а влезниците чинат од 15 до 25 евра.


#
Статијата е прочитана 462 пати.

Испрати коментар

Од: realen
Датум: 09.12.2010 14:36:09
Za vkusovi ne se diskutira, ama sporedeno so Ceca, toj Lukas i dr. idoli, Makedonija ima dusa neceneta od samoljubie. Bravo za Vlatko i Stefan, bravo za mojata skopska gimnaziska generacija.

Најди! во Утрински
Забава
Не сакаше да биде мртов идол
Кои се „жртвите“ на Џулијан Асанж?
Брачни неверства на „очајната домаќинка“
Бени промовираше македонска рок „Лектира“
Мајка со помош на донатор на јајце-клетка
Подарок за сопругот - најскапиот автомобил на светот
Миле Кузмановски со спот за „Крал без круна“
 

Bulgaria angry at France blocking Schengen entry
Bulgaria may apply for euro entry mechanism in 2011, says finance minister
EU applauds Kosovo elections despite reports of serious fraud