Ева Лонгорија
Брачни неверства на „очајната домаќинка“
Откако Ева Лонгорија одлучила да се разведе од сопругот Тони Паркер поради љубовните афери, почнаа да кружат гласишта дека Ева не е единствената изневерена. Тони, наводно, се сомнева дека латино-заводничката, исто така, изневерувала во текот на бракот. Како што пренесува „Нешенел енквајер“, Паркер, наводно, се сомневал дека Ева го изневерува со „некој од нејзините пријатели“. Тој навел дека се сомнева на некогашниот актер и водител, Марио Лопез, Џастин Тимберлејк и Леонардо ди Каприо. Паркер тврди дека е речиси сигурен дека меѓу Ева и светскиот шампион во велосипедизам, Ленс Армстронг се случувало „нешто повеќе“.
Иако парот се труди да остави впечаток дека останале во пријателски односи, случувањата зад кулисите го потврдуваат спротивното. Извори блиски на некогашните сопружници тврдат дека Ева и Тони водат борба кој ќе го понесе поголемиот дел од вината за крахот на бракот. Тие кавги, најверојатно, се предизвикани од финансиите, а со оглед дека Ева најавила дека ќе се обиде од Тони да извлече колку што е можно повеќе пари, додека Тони тврди дека со сите сили ќе се бори за бракоразводна парница.
Актерката и кошаркарот одлучиле да се разделат откако се откриени секси СМС-пораките што ги разменувал Тони со Ерин Бери, сопруга на бившиот соиграч. Паркер, наводно, засега признал дека само бил опседнат со Ерин, но дека меѓу нив не дошло до интимност. |