БИЈОНСЕ
Подарок за сопругот - најскапиот автомобил на светот
Бијонсе и Џеј Зи минатата година се прогласени за шоубиз пар што заработува најмногу на светот. Само минатата година заедно заработиле 68 милиони фунти. Во брак се само две години, а се' уште не планираат да имаат деца. Меѓутоа, тоа не ги спречува да си купуваат скапи играчки. Поточно, Бијеносе одлучила да му го купи најскапиот автомобил на светот на сопругот Џеј Зи, кој на 4 декември го прослави 41. роденден, и за тоа да издвои 1,2 милиони фунти.
Така во колекцијата на Џејз Зи, која се состои од „ролс-ројс“ фантом, „ферари Ф430 спајдер“, „мајбах 62 С“ и „пагани зонда роадстер“ се придружи „бугати вејрдон гранд спорт“, кој во светот го имаат само неколкумина, а сите се од светот на американскиот шоу-бизнис.
Џеј Зи, веројатно, не е последниот што го добил тој автомобил, а го имаат Сајмон Кауел, Том Круз, сопругот на Жизел Бундшен, продуцентот Скот Торч, Крис Браун и дизајнерот Ралф Лорен. Затоа се погрижила неговата сакана сопруга, која го порачала автомобилот уште минатата година. |