Кајли Миног
Мајка со помош на донатор на јајце-клетка
По тешката исцрпувачка борба со ракот на дојката, го врати во рамнотежа својот живот и сега размислува да се реализира како мајка. Австралиската пејачка е свесна дека во 42. година биолошкиот часовник забрзано и' отчукува, па на големо размислува на најбезбеден начин да се носи со бременоста.
„Размислувам за можноста да станам мајка со помош на донатор на јајце- клетка. Се' уште ништо конечно не сум одлучила, но го барам најдобриот пат да остварам потомство. Медицината напредуваше, па лекарите денес можат многу нешто да направат по тоа прашање, особено во Америка“, вели Кајли, која моментално сето внимание го насочува на својот внук Итан, синот на нејзината помала сестра Дени. |