Ќе се зголемува енергетската ефикасност
Договор за кредитна линија за енергетска ефикасност во износ од седум милиони евра потпишаа вчера германската развојна банка КФВ и Прокредит банка.
„Веруваме дека обезбедените средства за македонските претпријатија и поддршката на енергетската ефикасност во домовите ќе ги подобрат условите за живот на луѓето во Македонија“, изјави Олаф Цимелка, директор на тимот Енергија и транспорт за Европа и Кавказ при КФВ.
Кредитната линија предвидува пристап на претпријатијата и на домаќинствата до средства што треба да придонесат за заштеда во потрошувачката на електрична енергија. Меѓу другото, со неа се овозможува обновување на застарената опрема, подобрување на изолацијата, како и применување на нови методи за заштеда на енергија. (Ек.Р.) |