Даночни олеснувања уште две години
Претставничкиот дом на американскиот Конгрес го прифати контроверзниот закон за продолжување на даночните олеснувања. Американскиот претседател Барак Обама, при донесувањето на овој закон постигнал компромис со опозициските републиканци што победија на конгресните избори во ноември.
Со овој закон, кој е прифатен со 277 гласа „за“ и 148 „против“, за две години се продолжуваат даночните олеснувања за сите граѓани, вклучително и за најбогатите жители на САД, што според експертите, ќе ги намали приходите во буџетот за 858 милијарди долари. Конгресмените од редовите на демократите, се спротивставија на продолжувањето на олеснувањата за најбогатите и повторното воведување на стапката данок на наследство за 35 отсто за имот што е проценет на повеќе од пет милиони долари за самци и повеќе од десет милиони долари за семејни приходи. (МИА)
|