Министерот за надворешни работи, Антонио Милошоски, вчера го прими новоименуваниот вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Турција во нашата држава, Ѓурол Сокменсуер, кој ги предаде акредитивните писма за своето именување.
На средбата беше поздравен позитивниот и успешен развој на односите меѓу двете пријателски држави и воедно беше искажана заемна подготвеност за нивно натамошно унапре��ување во сите области од заеднички интерес, соопшти македонското МНР.
Амбасадорот Сокменсуер искажал задоволство од високото ниво на билатералната соработка меѓу Македонија и Турција. (МИА)
Novoimenuvaniot stranski ambasador na ministerot za nadvoresni raboti na zemjata na priemot mu predava KOPII od akreditivnite pisma, a originalite gi predava na sefot na drzavata!
Од: kaktus
Датум: 25.08.2010 10:31:34
Што треба да значи ова? Дека Ѓорѓе, претседникот, немал време да го прими новиот турски амбасадор, па го пуштил кај милошевиќ?