Број 3367  среда, 25 август 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Политика

Трибуналот не открива дали Тарчуловски ќе се сели

Хашкиот трибунал не ја потврди информацијата објавена вчера во некои медиуми дека претседателот на Судот донел одлука Јохан Тарчуловски да ја издржува казната во друг затвор, односно да биде префрлен во друга држава.

Портпаролот на Трибуналот, Нерма Јелич, изјави дека во овој момент не може да потврди дека таква одлука е донесена од претседателот на Хашкиот трибунал. 

„Во секој случај практика на Трибуналот е да ја објави одлуката за префрлање на осуденик откако ќе се случи тоа префрлување, односно кога ќе биде симнат превезот на тајност што значи кога одлуката ќе биде достапна за јавноста“, рече Јелич. Адвокатот на Тарчуловски, Антонио Апостолски, за МИА изјави дека не може да ја коментира информацијата за префрлање на Јохан во затвор во Германија.

Во Правилникот на Хашкиот трибунал се предвидува одлуката за тоа каде да се служи затворската казна да се донесува врз основа на тоа дали државите прифатиле да земат хашки осуденици во своите затвори. Претседателот на Судот добива листа на тие држави, а може и да се консултира со осуденикот за местото каде што ќе ја издржува казната.

Тарчуловски и Бошкоски беа единствени македонски државјани, кои беа процесуирани во Судот во Хаг за случувањата за време на конфликтот во Македонија во 2001 година. Судскиот совет на 12 јули 2008 година го ослободи Бошкоски од обвиненијата за извршените злосторства во скопското село Љуботен, а Тарчуловски ��о осуди на казна затвор од 12 години. Јохан Тарчуловски е во затворот во Шевенинген од 16 март 2005 година, кога по барање на Хашкиот трибунал беше екстрадиран од Македонија во Холандија.

Тарчуловски може да бара помилување откако ќе одлежи две третини од казната, односно најрано за три години.   (МИА)


#
Статијата е прочитана 756 пати.

Испрати коментар

Од: TRAJANKA
Датум: 25.08.2010 10:15:12
Johan Tarculevski ne trebal da bide isporacan , go isporacale luge sto svoite deca za vreme na konfliktot bile vo Jorgan Planina . Toj ima svoja zemja kade trebalo negoviot narod da mu sudi . Toj Fabrikuvan Hag e CIRKUS . Makedonija treba svoite gragani da gi zastituva , Ovoj mlad covek e samo zrtvuvan toa e sramota za site !!!

Најди! во Утрински
Политика
Напукнува идилата Иванов - Груевски?
МРТ, сепак, наплатувала радиодифузна такса од куќните совети
Француските ученици ќе учат од фотокопии
Антикорупционерите останаа без пари
Нов турски амбасадор во Македонија