Број 3367  среда, 25 август 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Политика

Француските ученици ќе учат од фотокопии

И Франција има проблеми со учебниците за средно образование

Од нашиот дописник Тони Гламчевски

Париз – До почетокот на новата учебна година остануваат уште десетина дена, но учебниците по многу предмети ги нема во книжарниците. Причината е промената во наставната програма во девет предмети во средното образование, што ги става во незавидна положба професорите и средношколците, кои околу еден и пол месец ќе останат без учебници и ќе треба да се снаоѓаат со фотокопии за да можат да ја следат новата програма.

Вообичаено, професорите во секоја дисциплина ги избираат учебниците кои ќе им ги препорачаат на своите ученици за време на летните месеци, потпирајќи се на учебниците за демонстрација. Но, годинава тоа беше невозможно. Новата наставна програма за средно образование беше објавена во службениот весник на 29 април, а вообичаено учебниците се печатат во мај. За да се изработат квалитетни учебници со почитување на новата програма е потребно време. Треба да се знае дека во Франција министерството за образование ја утврдува програмата, а издавачите се тие што распишуваат конкурси за изработка на учебници. Така, за еден предмет може да има еден, два или три предложени учебници од различни издавачи. Кој од нив ќе биде употребуван, одлучува професорот. Новите учебници со новата наставна програма треба да се очекуваат во почетокот или во средината на октомври, велат од издавачките куќи, кои ��е се сметаат за одговорни за ваквата ситуација.

Годинава со реформата се погодени учениците од прва година средно образование. Мало појаснување, во Франција првата година се нарекува „секонд“, втората „премиер“ и третата - последна завршна година во средно образование кога се полага матура - се нарекува „терминал“. За разлика од Македонија, средното образование во Франција трае три години. Така, учениците кои прв пат ќе се најдат во средношколските клупи, околу 500.000, нема да можат веднаш да ги прелистаат новите учебници. Станува збор за учебниците по географија, историја, физика, администрација, биологија и по економија, која од годинава е задолжителна за сите ученици во прва година во средните училишта во Франција.

Со промената на наставната програма и учебниците најпогодени ќе бидат семејствата, бидејќи за разлика од основното училиште, каде што учебниците ги набавуваат локалните заедници, во средното образование тие делумно се финансирани од локалните заедници во зависност од финансиските можности на регионите. Учениците, поточно нивните родители, новите учебници ќе ги чинат меѓу 150 и 200 евра, а тука се и родителите и учениците кои преминаа во втора година, кои не ќе можат да ги препродаваат учебниците од старата наставна програма. Односно годинава околу еден милион семејства на средношколци ќе треба да посегнат подлабоко во ќесињата со пари. Обновувањето на учебниците ќе трае и во наредните две години за да се следи новата наставна програма.

Министерот за образование Лук Шател се обидува да ги смири учениците, родителите и наставниот кадар, гарантирајќи дека учениците и нивните професори ќе ги имаат на располагање сите потребни педагошки ресурси на самиот почеток од учебната година. Истовремено, тој најави дека секое семејство кое има дете во прва година средно училиште за време на првиот триместар од училишната година ќе добие писмо со предлог да го запише детето на стаж за постигнување на потребното ниво на англиски јазик.


#
Статијата е прочитана 792 пати.

Испрати коментар

Од: ODNADVOR
Датум: 25.08.2010 13:24:14
Francuzite sé kritikuvaat,pa i shkolstvot koe gledano od nasa gledna tockae ,e nevporeddivo. Deca ne begaat od casovi( ili retki se takvi), ne begaat od "kontrolni", (nasite " pismeni".) A ako ucenikot e po nekoja kazna odstranet od cas ili nekolku denovi,, toa e glema sramota i za nego i za roditelite. Site i diplomskisaedno "se bunat" poradi poveke praznici, pa duri nekoi imozno e da ne se slavat od site ucenici. Ako ucebnicite im falat do Oktomvri zatoa pak profestrite ke rabotat "turbo"; vproceml veke vo nekoi regioni zapocnaa podgotvitelni casovi po jazici,matematika Maturata ne e "baba roga" i se polaga ednas po majcin jazik, a poslednata godina i ostanatte premeti. "Skroz" odlicni ucenici nema, no SAMO poradi pravilnoto ocvenuvanje,ne po "vrski". Poradi toa"visokite skoli" se osobeno ceneti i ja davaat elitata na Fr. Vo nim vprocem se raboti generalno vo grupi po 8-10, pokraj zaednickite casovi vo anfuteatrite. Poradi sistemot "protekcii" na ispitite ne se mozni niti
Од: krste
Датум: 25.08.2010 15:24:11
Коментаров на ОДНАДВОР ми се допадна, и дај Боже и ние да достигнеме такво школство, а сега во иронија ќе прокоментирам дека ако имаат проблеми со учебниците во Франција, па да им ги поклониме овие наши ВМРО-вски учебници, барем ќе учат и ќе се крстат........

Најди! во Утрински
Политика
Напукнува идилата Иванов - Груевски?
МРТ, сепак, наплатувала радиодифузна такса од куќните совети
Трибуналот не открива дали Тарчуловски ќе се сели
Антикорупционерите останаа без пари
Нов турски амбасадор во Македонија