Во Албанија се повлекуваат банкнотите од 100 и од 200 леки
Тирана - Централна банка на Албанија соопшти дека од промет ќе бидат повлечени банкнотите од по 100 и 200 леки и тие ќе бидат заменети со метални монети. Како платежно средство тие ќе може да се користат до 31 декември годинава, а ќе може да се заменуваат во банка до 31 декември 2010 година. (Ек.Р.)