Брoj 2782  вторник, 09 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Економија

Тиквешкиот гроздобер во знакот на виното

Кавадарци - По осми пат годинава се одржа стопанско-културната манифестација „Тиквешки гроздобер“. Белег и годинава даде винскиот карневал што се одржа низ улиците во Кавадарци. Во карневалските поставки учествуваа ученици од сите основни и средни училишта во Кавадарци. И годинава беше претставена лозаро-винарската традиција на градот. Носител на активностите беше Домот на културата „Иван Мазов - Климе“, а организатор Општина Кавадарци. Лозарите за момент побегнаа од секојдневјето и проблемите со кои се соочуваат за време на бербата на грозјето, но не заборавија да искоментираат дека и годинава визбите се мајтапеле со откупните цени. Карневалот имаше меѓународен карактер со учество на гости од Србија, Словенија, Бугарија како и гости од земјава од Прилепскиот и Струмичкиот карневал. Карневалското дефиле го проследија неколку илјади гости, меѓу кои и заменици на министри и актуелни политичари. Во рамките на фестивалот, винарските визби од Кавадарци ги презентираа своите производи. (А.Д.)

 


Статијата е прочитана 277 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Економија
Струјата поскапува за 16 отсто, за најсиромашните социјални пакети
Обновливите извори на енергија го загрозуваат бизнисот на концерните
Американските власти презедоа контрола врз „Фани Меј“ и „Фреди Мак“
Слободна зона и во Кичево?
Во Албанија се повлекуваат банкнотите од 100 и од 200 леки
Приходите од нафта во Иран надминаа 80 милијарди долари
Хрватска со енергетска стратегија за следната деценија
Македонските туристи избија на прво место во Албанија