Брoj 2782  вторник, 09 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Економија

Американските власти презедоа контрола врз „Фани Меј“ и „Фреди Мак“

Вашингтон - Американските федерални власти завчера соопштија дека презеле контрола врз двете големи хипотекарни банки „Фани Меј“ и „Фреди Мак“, како дел од мерките за надминување на кризата со хипотекарните кредити, што ги потресува САД од минатата есен.

Американскиот министер за финансии Хенри Полсон информира дека по преземањето на контролата врз банките, сменети се нивните извршни директори. За нов директор на „Фани Меј“ е поставен поранешниот потпретседател на инвестициската банка „Мерил Линч“ Херб Алисон, додека за прв човек на „Фреди Мак“ е именуван некогашниот потпретседател на банката „Ју-Ес банкорп“ Дејвид Мофет. Полсон нагласи дека ваквата мерка е преземена бидејќи двете банки се „толку големи и толку инволвирани во американскиот финансиски систем“ што евентуален банкрот на некоја од нив би предизвикал хаос на финансиските пазари.

Министрите за финансии на групата седум индустриски најразвиени земји (Г-7) уште за вчера најавија телефонски консултации за ситуацијата, само еден ден по одлуката на американската влада да ја преземе контролата над работењето на водечките хипотекарни корпорации.

Веста за итните консултации на Г-7 ја објави во Токио јапонскиот министер за финансии Бумеи Ибуки, кој претходно предупреди дека пропаѓањето на корпорациите во САД може да влијае на светскиот финансиски пазар и уште повеќе да ја продлабочи тековната глобална кредитна криза.

„Фани Меј“ и „Фреди Мак“ опфаќаат околу 50 отсто од американскиот хипотекарен пазар во вредност од 12 милијарди долари. (Ек.Р.)

 


Статијата е прочитана 517 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Економија
Струјата поскапува за 16 отсто, за најсиромашните социјални пакети
Обновливите извори на енергија го загрозуваат бизнисот на концерните
Тиквешкиот гроздобер во знакот на виното
Слободна зона и во Кичево?
Во Албанија се повлекуваат банкнотите од 100 и од 200 леки
Приходите од нафта во Иран надминаа 80 милијарди долари
Хрватска со енергетска стратегија за следната деценија
Македонските туристи избија на прво место во Албанија