Број 2705  петок, 06 јуни 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Политика

Амнести интернешенел заборави на исчезнатите Македонци


Роднините на исчезнатите

Во последниот извештај на АИ се споменуваат само тројцата исчезнати етнички Албанци

Организацијата за заштита на човековите права Амнести интернешенел, во извештајот за годинава, заклучи дека цели шест децении откако во Обединетите нации беше донесена Универзалната декларација за човекови права, луѓето во осумдесетина земји се измачувани или лошо третирани и во исто толку не им е дозволено слободно да се изразуваат. Но, кога станува збор за Балканот, новиот извештај не ги споменува сите позначајни проблеми. Би-Би-Си на македонски посочува на еден таков случај и истражува како функционира вака голема организација за човекови права.

По судирот во Македонија од 2001 година, покрај десетиците загинати и треперливата политичка стварност од него останаа и нерешените случаи на дузина исчезнати македонски граѓани од различно етничко потекло.

Нивните семејства до денес не знаат што се случило со сите нив.

Но, во последниот извештај на Амнести интернешенел, за разлика од оној од претходната година, изостана случајот со 12-те исчезнати етнички Македонци. Се споменува само нерешениот случај на тројца исчезнати етнички Албанци.

Претседателот на македонскиот Хелсиншки комитет Исо Руси вели дека граѓаните кои се вклучени во извештајот на вистинското место ја раскажале својата приказна: „Со сигурност знам дека роднините на исчезнатите Албанци во 2001 година тропнале на вратата не само на Амнести, туку и на други организации од овој тип“, вели Руси.

Фимзон Мемети, чиј брат Султан се води за исчезнат во судирот, вели: „На сите им ја објаснивме оваа работа и на Црвениот крст и на организациите е за човекови права во Македонија“.

Неговите права ги застапува Вердат Колуња, кој е и секретар на месната заедница во селото Радолишта. Тој вели дека за сите нивни активности испраќале писма до сите меѓународни организации за човекови, како и до сите амбасади во Македонија.

Адвокатот на исчезнатите Македонци Ванчо Шехтански, пак, постапувал поинаку. На прашањето дали контактирал со Амнести интернешенел вели дека не е сторено тоа, единствено пред три-четири години било контактирано со ИЦПМ, меѓутоа ништо повеќе. „Ако навистина случајот го нема во извештајот, тогаш тоа е срамота“, вели Шехтански.

На прашањето дали е можно да треба тие да го пријават случајот таму, дали го пријавиле, тој вели дека не го пријавиле. „А, тие што имаат во Македонија што прават, зошто молчат. Како јас да отидам кај нив. Од каде да знам кај кого треба. Дали кај Амнести интернешенел? Што работат тие тука?“, вели Шехтански.

Дали за случаите како овој самите жртви треба да се јават во меѓународните организации за човекови права? Како функционираат глобалните организации на локално ниво?

Професорката Башак Чала од лондонскиот Јуниверзити колеџ вели дека секоја организација има свој начин на собирање информации: „Амнести интернешенел, која е една од најголемите невладини организации, има службеници со седиште во Лондон, кои се обидуваат да соберат информации од колку што е можно поразновидни извори од локалните организации, а тие реагираат и на поплаки кои ги добиваат засегнатите. Во некои случаи кога прават извештај за некоја посебна земја, тие можат да испратат истражители на теренот. И нормално е организациите како што е Амнести да направат приоритет од некои прашања. Ако нема приоритети, извештаите би биле долги десетици илјади страници“.

Приоритет на годинешниот извештај на Амнести, барем кога се работи за балканските земји, беше состојбата на Ромите, кои како што вели заменик-директорот за Европа на организацијата Дејвид Дијаз Жожек се најранливата етничка група во Европа.

Сепак, тој во неодамнешното интервју за Би-Би-Си сугерираше дека извештајот не е комплетен: „Амнести интернешенел продолжи да работи на случаите со 12-те Македонци кои се исчезнати. Го следевме тоа и во извештаите од 2004 и 2005 година. Не сме виделе никаков напредок околу овие случаи и тоа е нешто на што ќе продолжиме да работиме. Тие требаше да бидат споменати во годишниот извештај“.

Го поставивме прашањето дали според начинот на кој функционираат глобалните организации за човекови права, добрата организираност на потиснатите групи им помага значително во нивната борба за права. Професор Чала вели: „Тука допирате една многу битна поента, бидејќи мобилизацијата, а особено етничката или мобилизацијата на жртвите е многу битен момент за тоа како приказните влегуваат во извештаите. Секако, меѓународните организации за човекови права ќе зависат од тоа како се раскажани приказните во секоја земја и кои се главните приоритети“.

За ова се свесни некои од малцинските групи на Балканот. Павле Воскопулос од партијата на македонците во Грција „Виножито“ вели: „Не се работи само за меѓународни невладини организации одговорни за човековите права и правата на малцинствата, туку сметаме дека треба да се имаат континуирани контакти со европските институции со Обединетите нации, со ОБСЕ. Ние, како политички субјект Виножито, мора подлабоко да ги развиваме нашите односи со институциите што се занимаваат, пред се', со малцинските права”.

Приказните на потиснатите поединци и групи тешко се пробиваат до јавноста. Но, како што, впрочем, потврдува и Воскопулос, приказната мора и понатаму да се раскажува.

(Би-Би-Си сервис на македонски)


#
Статијата е прочитана 1033 пати.

Испрати коментар

Од: mene
Датум: 06.06.2008 08:46:21
e novinari ova bas za vas zosto ne odite do AI so skrieni kameri pa da go ispitate deloto pa da napravite dokumantarna programa i da pokazete na celiot svet

Најди! во Утрински
Политика
Рушити предизвикал инциденти, тврди ДУИ
Македонија бележи напредок против трговијата со луѓе
Црвенковски ја губи политичката база пред претседателските избори
ДПА најавува повлекување од прегласувањето
Обвинителството ја прекина истрагата за „двојниците“
Вториот хашки предмет „Непроштено“ стаса до Обвинителството
Притвор и потерница за седуммина инволвирани во изборни нерегуларности

"""