Брoj 2705  петок, 06 јуни 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Политика

Притвор и потерница за седуммина инволвирани во изборни нерегуларности

Правосудните органи во Тетово водат постапка за уште 12 лица

ТЕТОВО - Седум од вкупно осум лица осомничени за инволвираност во изборни нерегуларности што се случија во неколку гласачки места во Основното училиште „Кирил и Методиј“ во Тетово заработија притвор. Но, тие седуммина засега не се достапни за органите и за нив е распишана интерна потерница.

Tројца се осомничени за недозволено поседување оружје и муниција, а за четворица е отворена постапка за кривично дело спречување службено лице во вршење службена должност. Ова е епилог од вчерашната работа на правосудните органи во Тетово, каде што тече постапка за уште 12 идентификувани од вкупно 20 лица, како и за уште неколку регистрирани како непознати.

Според кривичната пријава, првоосомничен во групата во тетовското ОУ „Кирил и Методиј“ е Вулнет Амети (42) од Тетово. Кривичната пријава се однесува за недозволено поседување оружје и муниција. Во средата попладне Амети беше приведен со силно полициско обезбедување пред истражен судија, а својот исказ го давал пред свој бранител и застапник на Обвинителството. За Вулнет Амети не е изречен притвор. Како што дознаваме, во текот на исказот пред истражниот судија, застапникот на обвинението се откажал од претходното барање за притвор.

Мерка притвор од по 30 дена во отсуство истражниот судија им одредил на Зеќир Хасани (61) и Илјаз Мустафи (34), двајцата од Селце, и на Кемал Ќамили (47) од Орашје, осомничени за кривично дело недозволено поседување оружје и муниција. Бујар Дурмиши (33) и Луан Амети (44), двајцата од Тетово, Рафедин Ислами (45) од Голема Речица и Дијамин Мемети (33) од Бозовце се обвинети за кривично дело спречување службено лице во вршење службена должност. (Г.Е.)


Статијата е прочитана 128 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Политика
Рушити предизвикал инциденти, тврди ДУИ
Македонија бележи напредок против трговијата со луѓе
Црвенковски ја губи политичката база пред претседателските избори
ДПА најавува повлекување од прегласувањето
Обвинителството ја прекина истрагата за „двојниците“
Вториот хашки предмет „Непроштено“ стаса до Обвинителството
Амнести интернешенел заборави на исчезнатите Македонци