Брoj 2705  петок, 06 јуни 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Политика

Вториот хашки предмет „Непроштено“ стаса до Обвинителството

Во текот на идната недела, случајот ќе биде предаден на истражен судија

Гордана Дувњак

Предметот за случајот „Непроштено“, кој е еден од четирите што ги врати Хашкиот трибунал на процесуирање во Република Македонија, е преведен и доставен до јавниот обвинител, соопшти вчера Министерството за правда. Веста ја потврди за „Утрински весник“ и државниот јавен обвинител Љупчо Шврговски, кој не' информираше дека предметот веќе е распределен и откако ОБСЕ ќе направи увид во списите, во текот на идната недела ќе биде испратен до истражен судија во Основниот суд - Скопје 1.

„Предметот за Непроштено што го добивме од Хаг беше во форма на информација за настанот, во која имаше опис на она што се случило, но без конкретно посочување сторители. Паралелно со ова, во Обвинителството веќе постои оформен предмет што се води за Непроштено, кој е во фаза на истрага и каде што како обвинети се појавуваат Даут Реџепи - Лека, како и седум-осум други обвинети. Бидејќи станува збор за ист случај, списите ќе се спојат и натаму ќе се води како еден предмет“, додава Шврговски. Тој појаснува дека предметот што го водело Обвинителството не бил дел од петте македонски предмети што ги презеде своевремено под своја ингеренција Хашкиот трибунал.

Случајот „Непроштено“ е вториот предмет што влегува во процедува во Јавното обвинителство по предметот за киднапираните работници на ГП „Маврово“ за време на конфликтот во 2001 година.

По добивањето на предметот, јавниот обвинител на Република Македонија треба да постапи согласно со овластувањата дадени во Законот за Јавното обвинителство и Законот за кривична постапка, укажува Министерството за правда. Преостанатите два предмета што треба да се преведат и процесуираат се однесуваат на водството на ОНА и за затворањето на вентилите на Липковската брана.

Во Јавното обвинителство на Македонија се' уште немаат информација кога ќе биде закажано првото судско рочиште за малтретираните градежни работници на ГП „Маврово“, предмет што е отиден најдалеку во процесуирањето во споредба со останатите.

На списокот обвинети за овој случај се 17 припадници на ОНА. Меѓу нив се Кренар Османи, Шкодран Идризи и Фадиљ Ферати, кои беа во притвор поради малтретирањето на работниците, но излегоа откако Хаг ја презеде надлежноста врз предметот. Освен тројцата кои беа во притвор, уште 14 лица се обвинети за неколкучасовното грабнување и изживување врз петте работници на Градежното претпријатие „Маврово“ во 2001 година, на патот Скопје -Тетово.

Случајот со малтретираните работници беше предаден во Основниот суд Скопје 1 на 21 мај оваа година. Предметот ќе се води во Кривичниот суд во новата судница во која се следат најтешки форми на криминални дела. Со реформите во судството и бараните услови од Трибуналот за враќање на Хашките предмети, судницата комплетно е опремена од техничка страна со соодветна безбедносна заштита, видеонадзор, видеобимови, можност за сослушување заштитени сведоци, како и за линкуван пренос од сослушување сведоци кои не се во земјава.


Статијата е прочитана 289 пати.

Испрати коментар

Од: luli
Датум: 06.06.2008 07:09:48
ako se vrakame vo proslost ke se najdeme vo 2001 ,ne deka jas go sakam toa nego toa ke se sluci , zapamtete ako ima sudenje sto ke se sluci?
Од: jimmy1
Датум: 06.06.2008 07:46:48
Dobo stasa, ama so Vmro i Taci dali ke se presudi pravicno ili ke bide frlen vo kos kako mnogudrusgi slucai ili pak ke se donesat pak nekakvi smesni presudi.
Од: mene
Датум: 06.06.2008 08:41:14
do luli :dali ke ima sudenje ili ne toa ke odlucat vlastite i toa treba da se pocituva a ne da se sprecuva i na zapad ima sudenja ama tamu nikoj negi sprecuva posto toa e zakonski ako si kriv sleduva kazna a ako ne odis na sloboda
Од: Sloven
Датум: 06.06.2008 11:20:44
Ajde ne se brukajte oti nema da se osudat.Mislam deka duri i nema da gi povikaat na sudenje.Se znae kako raboti "najdemokratskiot narod vo evropa",koga ce im zgusti ce napravat masovni demonstracii,ce se stepaat so policijata i se ke propadne vo voda samo zaradi "mir vo kuca".Ako Makedonija e so namera da go istera ovoj slucaj do kraj,togas vlastite treba da bidat spremni da se soocat so moznite nemiri sto ce gi predizvikaat "demokrative".Ako e spremna na toa dobro,ako ne,bi bilonajdobro da ne se bruka i da neprobuva da goltne pregolem zalak.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Политика
Рушити предизвикал инциденти, тврди ДУИ
Македонија бележи напредок против трговијата со луѓе
Црвенковски ја губи политичката база пред претседателските избори
ДПА најавува повлекување од прегласувањето
Обвинителството ја прекина истрагата за „двојниците“
Амнести интернешенел заборави на исчезнатите Македонци
Притвор и потерница за седуммина инволвирани во изборни нерегуларности