Број 3405  среда, 13 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Скопје

Студот стегна, а „Топлификација“ неподготвена

Поради проблеми вчера беа затворени 260 објекти,
а греење немаа над пет илјади граѓани

Снежана Калабакова


„Топлификација“ стартуваше со грејната сезона пред 15 октомври и пред да се исполни условот три дена едноподруго во 21 часот температурите да паднат под 12 Целзиусов степен. Но, како да беше нецелосно подготвена за предвремениот почеток. Дел од скопјани во продолжениот празничен викенд добија топли радијатори, меѓутоа огромен број граѓани измрзнаа во своите домови чекајќи да добијат парно.

И годинава грејната сезона старуваше со многубројни проблеми, затворени објекти, проблеми во мрежата и течење на инсталации, а парно немаат и оние што не си ја платиле потрошената струја во потстаницата. Без греење остана дел од жителите на Карпош, Аеродром, Кисела Вода, Центар. Според информациите од АД „Топлификација“, дефекти има во 260 објекти и како што велат, ако во секој од нив има во просек по 20 станари, тогаш најмалку 5.000 граѓани имаат студени домови.

За редовните плаќачи на сметките за парно неприфатливо е да мрзнат и денес кога ќе се вратат од работа, доволно измрзнале и минатиов тридневен викенд. Наместо празнично да одмораат дома со семејството, тие велат, или морале да бегаат и да одат на гости, или да направат дополнителен трошок трошејќи струја вклучувајќи греалки и климатизери. Многу граѓани што се јавиле на телефонскиот број за рекламации 3076-200 велат дека останале без адекватен одговор од „Топлификација“, бидејќи телефонската секретарка само ја снима нивната поплака, а од другата страна нема кој да им одговори за колку време ќе добијат греење и каде е дефектот. Граѓаните апелираат до претпријатието на граѓаните да им одговара жив човек, кој точно ќе им каже за каков дефект станува збор за да знаат што да планираат натаму. Револтот на корисниците на парно е безграничен, затоа што освен пари, студот во нивните домови ги чини и здравје. Сметаат дека претпријатието треба поподготвено да стартува со греење, па макар тоа да треба да го стори и еден месец порано од зацртаниот термин. Особено кога станува збор за дефекти во мрежата за кои се одговорни оттаму. Секое лето има раскопани канали и се менуваат цевки, но, очигледно, тоа не е доволно, бидејќи најголемиот дел од топлификациската мрежа е стар и поради тоа настануваат дефекти.

„Сите топлани работат нормално и скопјани веќе добија греење. Но, има околу 260 затворени објекти. Кои се објектите и зошто се затворени дадовме известување во дневниот весник ’Нова Македонија‘. Дел од нив се затворени поради течење на внатрешните инсталации, значи дефекти за кои ние не сме надлежни. За дефектите во внатрешните инсталации, одговорни се корисниците и тие се должни да ги отстранат навреме, пред да стартуваме со греење“, вели Алфонс Вета, одговорен за дистрибуција на топлинска енергија во АД „Топлификација“.

Од претпријатието тврдат дека четириесетина нивни вработени постојано се на терен и работат на отстранување дефекти, но признаваат дека тие не се доволно и не можат да постигнат секаде да интервенираат. За пријавување дефекти и рекламации имаат осум телефонски линии, кои постојано се отворени да ги снимаат пораките, што е, како што велат, единственото решение за да можат да ги примат сите. Идејата да се јавува жив човек за нив одамна е неприфатлива, бидејќи потрошувачите се жалеле дека телефонот постојано им е зафатен. Од друга страна, пак, револтирани граѓани си давале за право по десетина минути да се расправаат со телефонските оператори. Сега, со снимањето на пораките имаат ригорозна контрола, со што сите се земаат предвид.


#
Статијата е прочитана 712 пати.

Испрати коментар

Од: igor
Датум: 13.10.2010 15:12:26
само конкуренција во снабдувањето може да помогне како и воведувањето на калориметри за секој стан посебно. И не можам да сватам како регулаторната комисија ги штити интересите на производителите а не на потрошувачите
Од: Garfild
Датум: 13.10.2010 18:10:50
A bre da sme normalna pravna drzava nekoj morase do sega da go gree Idrizovo.Ne moze site da ne pravat majmuni i toa vlasta da go tolerira.Kade e narodniot pravobranitel i drugite institucii. Ili site se kupeni od Toplifikacija.Sramota
Од: pero
Датум: 13.10.2010 19:35:24
Samo so odzemanje na licencata za rabota na Toplifikacija kako na beskrupulozen monopol mozze da mu se zastane na kraj na ovoj aramilak. Krajno nesposobni ludje ja vodat ovaa privatna firma koja ne moze da odgovori na baranjata na gradjanite - ni za kalorimetri, ni za voveduvanje red, oti taka ne ce mozze da go derat narodot. Edinstven spas e gradjansko nezadovolstvo i neplacanje na smetkite od SITE gradjani, pa likvidacija kako kazna za arogancijata

Најди! во Утрински
Скопје
Пожарникарите ќе набиваат кондиција со билдање
Општина Центар ќе искешира 50.000 евра за авиобилети
Никој не се пали на „Скендер-бег“
Почнува „Вино-Скоп 2010“
Акција за собирање храна






Analysts critical of Hungary's extra taxes
New Dutch government to take tough stance on Serbian accession
EU and US have 'converging' views on Kosovo and Serbia