Број 3405  среда, 13 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Скопје

Општина Центар ќе искешира 50.000 евра за авиобилети

Од Oпштината не одговараат кој, кога и зошто користел авионски услуги

За користење авионски услуги Општина Центар склучила договор во висина од дури 50.000 евра со скопските туристички агенции „Орфеј“ и „Савана“. Колку авиобилети се купени, кој летал со авион и на кои дестинации, кога и со каква цел, општинарите не одговараат. Не прецизираат ниту дали авиоуслугите ги користел градоначалникот Владимир Тодоровиќ, некој од административците, можеби членовите на Советот или, пак, трети лица што ги ангажирала општината за одредени потреби. Единствено е познато, и тоа од обелоденетиот склучен договор, дека тој е направен пред повеќе од една година.

Во досегашниот изминат мандат на Тодоровиќ јавноста ниту еднаш не беше информирана дека тој или некој од администрацијата патувал во странство. Иако јавноста и во случајов останува неиформирана, се претпоставува дека можеби авиокарти се купувале за летов�� кон Италија, имајќи предвид дека Тодоровиќ неколку пати изјавуваше оти лично ги видел спомениците што се леат во Фиренца. Така, не е исклучена можноста авиобилети да се набавувале и за авторите на спомениците, но и за членовите на комисиите што ги избираа идејните решенија на споменичните зданија.

Од општината вчера единствено информираа дека договорот, всушност, претставува склучена рамковна спогодба за период од една година. „Набавката на авиобилети се врши сукцесивно согласно со потребите за службени патувања на вработените на Општина Центар со примена на соодветна постапка. Проценетата вредност на договорот за јавна набавка е направен за период од една година, што не значи дека биле искористени средствата во целост “ изјави вчера Јовица Ацковски, портпарол во општината. (Дс.Т.)


#
Статијата е прочитана 742 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Скопје
Пожарникарите ќе набиваат кондиција со билдање
Студот стегна, а „Топлификација“ неподготвена
Никој не се пали на „Скендер-бег“
Почнува „Вино-Скоп 2010“
Акција за собирање храна






Analysts critical of Hungary's extra taxes
New Dutch government to take tough stance on Serbian accession
EU and US have 'converging' views on Kosovo and Serbia