Почнува „Вино-Скоп 2010“
На плоштадот „Македонија“ денеска под покровителство на Градот ќе започне четвртиот фестивал „Вино-Скоп 2010“. Во петте фестивалски дена, покрај добра музика и настап на познати домашни пејачки имиња, ќе има и гости од Франција, Шведска, Италија, Русија, Хрватска. На плоштадот ќе бидат поставени штандови со храна и разни вина. Ќе се послужува скара, трајни сувомесни и пекарски производи на групацијата „Жито Вардар“. Продажбата на производите ќе биде ислучиво преку бонови, таканаречени „вински денари“, кои ќе се продават на одредени пунктови. Виното ќе се служи во стаклени чаши кои ќе се продаваат на влезот на „Вино-Скоп“. Посетителите освен македонски вина ќе можат да вкусат и увозни вина, француски, шпански и хрватски. Фестивалот ќе започне во 19 часот. (Сн.К.) |