Број 3405  среда, 13 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Скопје

Никој не се пали на „Скендер-бег“

Само неколку ученици и граѓани дошле во канцеларијата со прашања, а не со идеја за плоштадот

Снежана Калабакова

Ниту граѓаните ниту, пак, архитектите не ги пали идејното решение за плоштадот „Скендер-бег“. Десетина дена откако во Општина Чаир е отворена канцеларијата во која можат да навратат сите заинтересирани и да дебатираат со архитектите на предложениот проект, слаб е интересот и кај јавноста. Четворицата архитекти, Никола Стрезовски, Бетим Зеќири, Бефјан Мемети и Беќир Адеми не се воодушевени од досегашната посета на канцеларијата. Чудно е, вели еден од нив, што толку жестоко се зборуваше за „Скопје 2014“ кога на луѓето не им беше дадена можност за дебатирање, а сега кога имаат шанса да се искажат за новиот плоштад, како да не се многу заинтересирани.

Во текот на два часа, колку што е отворена канцеларијата, поминуваат по десетина луѓе. Досега канцеларијата ја посетиле ученици, неколк��мина новинари и граѓани, но не и некој од фелата кога станува збор за едно олку важно урбанистичко решение. Општината Чаир и архитектите во иднина планираат и јавна дебата во која ќе вклучат членови од Асоцијацијата на архитекти, а потоа и со лица од различни професии. Од канцеларијата се изненадени зошто досега нема никакви критики за идејното решение на плоштадот во Чаир, ниту, пак, се принудени некакви нови идеи, но велат дебата ќе биде отворена два месеца и можеби ќе има и такво нешто.

Најголемиот број од оние што досега биле во канцеларијата, главно, поставувале прашања, зошто постојните дуќани ќе бидат покриени со тераса и на која висина ќе биде таа, колку ќе биде висината на премостувањето на булеварот „Гоце Делчев“ и дали ќе биде повисоко од нивото на стоковната куќа „Мост“. За најголем дел од посетителите останало нејасно дали постојната уличка, преку која сега се влегува на паркингот пред стоковната куќа „Илинден“ ќе биде затворена или ќе се изгради нова. Архитектите се изненадени зошто нема прашања што се однесуваат на концептот на проектот.

„Воопшто не ни е мило што јавната дебата за плоштадот во Чаир се претвори во етничко препукување. Би сакале за проектот повеќе да се дебатира од урбанистички аспект и без политичка конотација. Можеби проблемот е и во тоа што луѓето се' уште се многу политизирани и само ја критикуваат власта, наместо слободно секоја индивидуа да даде свој придонес со сопствена идеја кога станува збор за вакви грандиозни проекти важни не само за општината туку и за градот и за сите граѓани. Лично, повеќе би сакал дебата на стручно ниво“, вели Никола Стрезовски, еден од архитектите.

Тие раскажуваат дека кога работеле на идејното решение, размислувале за тоа дека она што ќе го понудат, мора да биде во стар стил, во согласност со традиционалното во чаршијата. Велат не можат да изградат нешто што е постаро од чаршијата, но и помодерно од тоа што досега е изградено. Нивната идеја била да се задржи концептот на чаршијата и токму затоа ја промовираат идејата за безистенско решение за дваесетината дуќани од споменикот на Скендер-бег до „Менада“, со што нема да се сменат и судбините на дуќанџиите.


#
Статијата е прочитана 937 пати.

Испрати коментар

Од: Свилени Ракавици
Датум: 13.10.2010 12:26:03
Ееее а зошто имаше хистерична реакција и политички циркус за плоштадот од другата страна на Вардар?
Од: mkd
Датум: 13.10.2010 13:08:22
Prvo neka go napisat na Makedonski imeto na Gorgija Kastriot - Iskender so sto nema da go krsat zakonot a posle ke debatirame za drugi temi.
Од: XXL
Датум: 13.10.2010 15:43:46
Goreta ic da ne mi go cepkate...Kolku e ubav vaka kako gleda tocno na Krstot na Vodno....verojatno misli kako nie sega kuburime so imeto i da ne se zalime mnogu.. zosto nego odamna go "prekrstile"...

Најди! во Утрински
Скопје
Пожарникарите ќе набиваат кондиција со билдање
Студот стегна, а „Топлификација“ неподготвена
Општина Центар ќе искешира 50.000 евра за авиобилети
Почнува „Вино-Скоп 2010“
Акција за собирање храна






Analysts critical of Hungary's extra taxes
New Dutch government to take tough stance on Serbian accession
EU and US have 'converging' views on Kosovo and Serbia