Број 3660  петок, 19 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Забава

Пет минути интервју

Татковството ми носи многу радост

Владо Георгиев - шминкер и фотограф

Валентина Тодоровска

Како професионален фотограф, овековечувач на убавите нешта и естет, дали летово наоѓаш повеќе инспирација за да ја оствариш својата креативност? Што сликаш најчесто?


„Инспирација има насекаде околу нас... И во зависност од годишното време, само темите и објектите ��е менуваат. На пример, пејзажи во секое време можат да се фотографираат, цвеќиња има преку цела година, луѓе насекаде и во секое време. Разликата е во нијанси, а јас нив ги сакам“.

Со оглед на тоа што се честа цел во твојот објектив - кои се најубавите жени во Македонија?

„Мислам дека во Македонија нема место каде се најубави жените... Секаде има многу убави жени и девојки, само кога ќе одиме во некој друг град и се' ни е ново, и жените ни се поубави од кај нас... Особено ако забавата се погоди, тогаш најубавите се таму“.

Бидејќи си и професионален шминкер. Кој е твојот совет за лето - шминка да или не?

„Совет за шминкање во лето е - НЕ ШМИНКАЈТЕ СЕ ПРЕКУ ДЕН И КОГА ОДИТЕ НА СОНЦЕ. Лицето ќе ви биде многу поблагодарно ако намачкате заштитен крем отколку што било... а и новите модерни очила за сонце кријат половина лице“.

Како стоиш со поимот летен одмор, особено со неговата реализација?

„На одмор годинава ќе се оди во Струга. А знаеш што е разликата помеѓу Охрид и Струга? Има Охридско Езеро, ама нема охриѓани! Шега настрана, ама езерото е потопло, на плажа не мора да се оди со возило и да се чека со часови на некоја кривина, плажите се поплитки и идеално е за деца што сакаат да пливаат со перки и да ловат рипчиња во плитко“.

Колку татковството ти носи радост?

„Татковството ми носи многу среќа и радост.... Ја гледам Ина како расте, игра и секој ден станува се' попаметна и приготвува разни изненадувања. Тоа се спомени што се чуваат до крајот на животот“.


#
Статијата е прочитана 1964 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Забава
Каде исчезна протестот во поп-музиката?
Принцезата е бремена
Скиентологијата ми го спаси животот
Мексиканката бесна на Еванџелиста
Џенифер Лопез
„Мода Каракас 2011“

"""