Песни
Каде исчезна протестот во поп-музиката?
„The times are а changin“ е името на третиот албум на Боб Дилан од 1964 година, благодарение на него тој стана светски признат протестен пејач и музички гуру на генерацијата 68., за која песните на Дилан беа како химни. Тој во своите песни го критикуваше расизмот во САД, протестираше поради милитаризмот и социјалната неправда. Дали денес постојат такви песни?
„Со 70. роденден на Б��б Дилан исчезнаа протестните песни“. Под овој наслов германскиот магазин за поп-култура „Спекс“ заедно со интернет радиото Бајт ФМ организираше натпревар за пишување протестни поп-песни.
„The times are а changin“ е името на третиот албум на Боб Дилан од 1964 година благодарение на кој стана светски признат протестен пејач и музички гуру на генерацијата ’68, за која песните на Дилан беа како химни. Тој во своите песни го критикуваше расизмот во САД, протестираше поради милитаризмот и социјалната неправда. Прашање е дали денес има такви песни? На натпреварот на германскиот магазин „Спекс“ учествуваа 120 песни, но победи само еден бенд од Лајпциг - Брокдорф Кланг Лабор (Brockdorff Klang Labor) со песната „Тврдината Европа“ (Festung Europa), која ја критикува германската и европската политика кон бегалците.
Не е лесно да се напише протестна песна
Само неколку дена откако ја освоија наградата за најдобра актуелна протестна песна, атмосферата во студиото на победничкиот бенд Брокдорф Кланг Лабор (БКЛ) беше фантастична. Тричлената група не е нова. Таа постои веќе 14 години и свири низ Германија, а настапувала и на германскиот штанд на „Експо 2010“ во Шангај. Членот на бендот Сергеј Кланг објаснува зошто се пријавиле на натпреварувањето. „Прва помисла ни беше тоа е нешто што веќе сакавме да го направиме. Но, од искуство, забележав дека воопшто не е лесно да се напише протестна песна, како што можеби тоа било пред 20 години, кога постоеле и посебни протестни стилови.
Музиката на БКЛ е поп, кај кој вреди да се слушнат и зборовите и тоа се забележува веќе во првите тактови на песната ’Тврдината Европа‘“, вели пејачката Надја.
Критика за политиката на ЕУ кон имигрантите
„Доближи се поблиску, бидејќи би можеле да бидеме поблиски.
Тоа што ти го мислиш, исто така има вредност...
Тој простор е овде, кај мене, а не пред мојата куќа...“
„Текстот, секако, е тоа што го формулира протестот. Можеби не во класична смисла, кога се говори некој конкретен противстав, туку во песната, пред се', станува збор за барањето за почовечна политика кон бегалците. Поконретно: за колапсот на арапските режими и расправата за бегалците на островот Лампедуза. Едноставно порачуваме: дојдете ваму“, вели Надја.
Се разбира дека е наивно толку едноставно да се повикуваат милиони потенцијални бегалци од Африка во Европа - за тоа се свесни и Сергеј Кланг и Надја. Но, членовите на бендот го критикуваат оградувањето на Европската унија во политиката кон бегалците и сето тоа успеват да го спакуваат во модерна и певлива мелодија. Сергеј вели: „Една поп-песна, секако, не може да ја опфати целокупната политичка дебата за и против. Песната често се сведува на тоа некои нејзини стихови да станат протестни пароли. Ние во рамките на бендот дискутиравме за тоа и јасно ни е дека тој слоган е малку наивен“.
Фрустрирани граЃани без протестни песни
Брокдорф Кланг Лабор се натпреваруваше против 119 други бенда, музичари и композитори кои на крајно различни начини ја тематизираа протестната песна. Опфатени беа сите стилови - од класичната музика, преку акапела-нумери до минимал-електро стилот, а содржински песните, главно, се однесуваа на плагијатот на докторската титула на поранешниот германски министер за одбрана, Карл Теодор цу Гутенберг, за Авганистан, Фукушима, малите и големите револуции, изопачената младина, па дури и за апокалипсата. Сите ги водеше мотото: протестот е насекаде. Четиричленото жири на крајот одлучи за БКЛ. А зошто списанието „Спекс“ го распиша конкурсот објаснува уредникот Ралф Кремер:
„Натпреварот за протестна песна е идеја до која дојдовме, размислувајќи за тоа зошто поп-музиката денес е постполитичка? Исфрустрирани граѓани без протестни песни - за што станува збор тука? Зошто политичката поп-левица нема ништо или сосема малку има да каже за околностите и случувањата вредни за протест? Зошто во деведесетите години т.н. протестни левичари во Германија експлицитно се занимаваа со теми, како што е повторно заживеаниот расизам во обединетата земја, а денес протестот им го препуштаат на други?“
И протестните песни се занимливи
Првиот албум на бендот БКЛ „Музика за девојчиња“ беше релативно аполитичен. Но, тоа набргу се менува со новиот албум „Фалсификување на светот“ на кој се наоѓа и победничката песна „Тврдината Европа“- песна која можеби нема да ја промени политиката, но барем малку ќе ја промени поп-музиката, вели Сергеј Кланг:
„Протестот во поп-музиката го бие глас дека не е занимлив, дека со такви песни не може да се забавува и да се опива. Овој хедонистички став денес е широко распространет меѓу младите. И тоа е верувам една од причините зошто повеќе нема протестни песни. За мене првото никогаш не го исклучувало второто - добра поп-песна може да биде еднакво добра за играње, а притоа да пренесува критичка политичка порака“. (Дојче веле) |