Викторија од Шведска
Принцезата е бремена
Шведската принцеза Викторија е бремена и би требало да се породи во март идната година, соопштил кралскиот дворец, ставајќи им крај на повеќемесечните шпекулации кога принцезата ќе роди нов престолонаследник.
Веста дека 34-годишната принцеза Викторија и принцот Даниел очекуваат поднова во март светските агенции ја објавија со ознаката „итно“.
„Целото кралско семејство е воодушевено, а прин��езата се чувствува добро“, изјавила Аника Сонерберг, портпаролка на кралското семејство. |