Селма Хаек
Мексиканката бесна на Еванџелиста
Бидејќи манекенката Линда Еванџелиста открила дека Франсоа Анри Пино е татко на нејзиниот син и бара голема алиментација, реагираше актуелната сопруга на францускиот милијардер, Селма Хаек. Селма е шокирана од фактот дека Еванџелиста четири години го криела идентитетот на таткото на својот син и дека тоа е токму нејзиниот сопруг.
Селма е бесна, а за парите што ги бара Еванџелиста од Пино смета дека е бесмислен. Иако знаел дека Линда останала бремена во текот на нивната афера во 2006 година, Пино и' го премолчил тоа на Селма. Тие двајцата живеат заедно од 2009 година. |