Број 3416  среда, 27 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Економија

Кој ќе печати, а кој вакумира книжни пари?

Кој ќе ги печати книжните 10 денари, домашна или странска фирма?

Вчера во Народна банка на Македонија беа отворени понудите за печатење на банкнотите во апоен од 10 денари. Се пријавиле две фирми: печатницата „11 Октомври“ од Прилеп, која и досега ги печатеше книжните 10 денари, и полската фирма „Витворија папиров“. Понудата на прилепската печатница е значително пониска и изнесува 384 илјади евра, а фирмата од Полска бара 455 илјади евра за нивно печатење. Главен услов што требаше да го исполнат фирмите е во последните три години да остварувале вкупен приход не помал од 30 милиони денари, или 500 илјади евра на годишно ниво во областа што е предмет на јавната набавка. Од НБМ ништо не сакаат да коментираат во врска со јавните набавки. Инаку, централната банка на друг оглас што трае до 3 ноември бара да купи и машина за вакумирање книжни пари.

Ова покажува дека се враќаат во игра само книжните десетденарки. Иако, речиси две години во оптек се и книжните и кованите 10 денари, сепак, се очекува��е дека во меѓувреме кованите ќе ги заменат книжните, но излегува дека книжните пари ги победија кованите. Од НБМ велат дека допрва ќе се прави анализа врз чија основа ќе решат дали во оптек ќе останат да функционираат и книжната и кованата десетденарка или само едната од нив. Кованите пари од 10 и од 50 денари НБМ реши да ги воведе пред две години, а и тогаш и сега граѓаните даваат отпор кон овие монети. (С.М.)


#
Статијата е прочитана 778 пати.

Испрати коментар

Од: under_dog
Датум: 27.10.2010 14:24:11
Zashto vakva neodlucnost. Jas sum za da ostanat samo kovanite moneti so apoeni od 10 denari. Bash mislam deka lugjeto poleka se naviknaa.
Од: goran
Датум: 27.10.2010 22:54:53
Pa na kogo mu perete mozok.Od kade potreba od knizni 10 denari koga napravija kovani 10-ki.Se takmicat koj kako da ispere pari,a vie novinarite se pravite nevesti,pa tolku e ocigledno-sto ne gi spomnete kovanicite !?!Dali ne smeete da kazete ???

Најди! во Утрински
Економија
Евтините кредити уште поевтини и подостапни
Многу плати со многу нули - држи ли уште рамниот данок
Пушењето се враќа на мала врата
Унгарците пикираа во што да вложуваат
Кој ќе седне во летачката фотелја?






Nato to halve troops in Kosovo to just 5,000
Hungarian sludge catastrophe victims may not get compensation, say Greens
Belgian court awards €15,000 to asylum seeker