И големите компании ќе можат да аплицираат за кредитите од ЕИБ со фиксна камата од 5,5 отсто
Соња Маџовска
Евтините кредити стануваат уште поевтини, а ќе бидат и подостапни. Откако Владата увиде дека не оди така лесно одобрувањето на кредитната линија од Европската инвестициона банка, реши да олабави.
Каматата ја намали од шест отсто на 5,5 отсто и таа ќе биде фиксна за сите години на отплата, но она што е уште поинтересно е тоа што овие кредити ќе им бидат достапни и на големите индустриски капацитети, со над 250 вработени. Има и уште една новина, а тоа е што 100 отсто од средствата за овие заеми исклучиво ќе се влечат од кредитната линија од ЕИБ, а не како досега 75 отсто од парите беа на ЕИБ, а со 25 отсто мораа да учествуваа комерцијалните домашни банки, преку кои се одобруваа евтините кредити. Од Македонска банка за поддршка на развојот велат дека направиле измени во договорите со банките, а дел од нив се согласиле и веќе ги потпишале анексите. Банкарите, пак, велат дека ќе ги потпишат овие договори, бидејќи нема што да изгубат, а ќе имаат уште една можност овие средства да им ги стават на располагање и на големите фирми.
По олабавувањето на условите за оваа кредитна линија, од МБПР очекуваат поголем интерес од компаниите. „Имаше многу приговори од големите македонски компании, зашто и тие не можат да аплицираат за овие заеми, сега со измените на условите и тие ќе можат да конкурираат за кредитите од ЕИБ.
Под називот приоритетни проекти на големите фирми со над 250 вработени од индустријата, образованието, науката и економијата ќе им бидат достапни овие заеми. Очекуваме дека ќе има поголемо повлекување на средства од кредитната линија на ЕИБ“, објаснува Александар Станојковски од МБПР.
Кај малите и средните фирми, иако на почетокот беа заинтересирани, во меѓувреме се намали интересот за овие заеми. Иако, на земјава парите од ЕИБ и' се на располагање повеќе од една година и беа дел од антикризните мерки со цел да се преброди кризата, од 100 милиони евра досега се искористени само 46 милиони евра. МБПР сега ја подготвува и шестата транша од 12 милиони евра. За оваа транша ќе важи пониската камата од 5,5 отсто, додека за веќе одобрените кредити вредни 46 милиони евра останува каматата од шест проценти.
Измените за кредитната линија од ЕИБ ги поддржа Владата пред неколку дена, а вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски, неодамна најави дека доколку се искористат овие 100 милиони евра, ќе се побараат уште 100.
Бизнисмените постојано алармираат дека пристапот до финансии им е најголем проблем, се поставува прашањето дали слабата искористеност на овие заеми е поради строгите критериуми што ги поставуваат деловните банки или затоа што фирмите не се многу запознаени со овие заеми.
Од коморите велат дека фирмите се' уште се многу претпазливи и се плашат да влезат во нови инвестиции.
Na svetsko nivo ima tendencija kamatite da dojdat na nivo blisku do nula.
Од: Marko
Датум: 27.10.2010 15:48:11
Каква глупост „камати блиску до нула„. А од што ќе живеат банките (нивни приходи се провизиите и раликите меѓу каматите на кредитите и депозитите) ? За да дадат камати на влоговите, мора да земат камати од кредитите. Ако не даваат камати на влогови, нема никој да им дава влогови. А од што ќе даваат кредити тогаш?
Се некој ќе си скине зелена. Во оваа Македонија сите се експерти за прашања што не ги ни разбираат, па дури се повикуваат на информации од светот („на светско ниво така било„).
Од: Stojan N.
Датум: 27.10.2010 17:13:46
A kade ke gi cuvaat "vlogovite" golemite kompanii i bankite?Pod pernica?Vo Japonija na depozitite veke zemaat edvaj 0,1%- 0,2% kamata,vo Svajcarija e slicno, pa duri i vo Britanija.Krediti vo Japonija veke mozat da se zemat so 1,5-2% kamata.Ovoj trend ke prodolzi.A i spas od ovaa svetska kriza se bara ili vo ednokratna golema inflacija koja ke gi ponisti site"profiti" ili drasticno ja namali vrednosta,ili namaluvanje na kreditnite pari t.e kamatite na kreditite.Normalno i kamatite na depozitite ke padnat vo toj slucaj.Drug spas od ovaa ekonomska kriza koja go zafati svetot skoro i da nema,osven nekoja treta svetska vojna da se predizvika, pa se odponovo. Bogatite t.e onie koj imaat pari(pred se bankite i golemite korporacii), sakale nejkele,ke mora toa bogastvo da go preraspredelat,pa ako treba i bez kamati ke davaat.Alcnosta sega za sega ne im dava toa da go napravat,ama toa e toa ako sakaat da se izbegne najlosoto.Sve poaktuelni se nekreditnite pari,kako model za spas.
Од: jean luc picard
Датум: 27.10.2010 20:33:27
Марко има право. Точно е дека каматните стапки паѓаат скоро до нула (во Јапонија на пример), но не на кредитните заеми туку на државните обврзници и благајнички записи. Со тоа владите сакаат да ги демотивираат инвеститорите (читај луѓето и финансиските организации со многу кеш), т.е. да ги одвратат од купување на овие хартии од вредност, а истите да ги пласираат на пазарот (вложат во акции на пример).