Број 3416  среда, 27 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Економија

Многу плати со многу нули - држи ли уште рамниот данок

Праведно ли е оние со минимални плати и оние со екстремно високи примања да плаќаат ист процент на данок

Александрија Стевковска


Богаташ со плата од 63.000 евра и просечен граѓанин со плата од 200 евра државата ги оданочува со иста стапка од 10 отсто! Јавноста е во недоумица дали е праведно оние со минимални плати и оние со екстремно високи примања да плаќаат ист процент данок на државата? Зарем оние што земаат голема плата не треба да плаќаат и повисок данок? Во ваква ситуација логично се наметнува прашањето дали треба сите да плаќаат ист данок или, пак, да се воведат прогресивни даноци.

Неодамнешната објавена листа на 10 највисоки плати исплатени во државава лани покажува дека овдешните менаџери воопшто не се за жалење. Така, покрај првиот на листа со највисока плата од 63.000 евра и натамошниот редослед не остава никого рамнодушен.

Имено, втора највисока менаџерска плата во Македонија била 34.000 евра, третата 31.000 евра, четвртата 25.000 евра, а петтата 20.000 евра. На десетто место од оваа листа се наоѓа менаџер на кој компанијата му исплаќала секој месец по малку повеќе од „скромни“ 15.000 евра. Значи нашите менаџери се и предобро платени, барем за наши услови.

Прашавме во Министерството за финансии дали воопшто има иницијатива за враќање на прогресивното оданочување, но не успеавме да добиеме одговор.

Дел од експертите сметаат дека е потребно враќање на прогресивното оданочување. Повисокото оданочување на граѓаните со високи примања, според нив, ќе овозможи редовно да се полни буџетската каса, и затоа е добро да се воведе. Тие тврдат дека Македонија е една од ретките земји што применува рамен данок, а повеќето развиени земји, како што се САД и Велика Британија, употребуваат прогресивен данок со кој граѓаните и компаниите се оданочуваат различно според приходите што ги остваруваат.

„Рамниот данок не требаше ниту да биде воведен. Требаше само да се кренат праговите на оданочување, на пример, над 1.000 евра плата, да се плаќа персоналец од 15 отсто, над 2.000 евра 18 отсто данок, а над 2.000 евра плата да се плаќа пресоналец од 23 отсто“, смета универзитетскиот професор, Ванчо Узунов, според кого, прогресивниот данок може да се воведе за вработените кај персоналниот данок на доход, додека за фирмите може да биде оставен во функција рамниот данок како стимул за инвестирање.

„Воведувањето прогресивен данок го предвидува економското право во држави каде што има огромни социјални разлики, односно има луѓе што едвај преживуваат, а други имаат вили и палати. Ако некој заработува 15.000 евра месечно од дивиденди од акции или пак, имаат имот што вреди повеќе од 300.000 евра, сосема е исправно да плаќа над 20 проценти од целокупниот приход“, смета Узунов.

Според него, примената на овој данок ги удира по џебот богатите граѓани, ама затоа ќе има повеќе пари во буџетот и државата не ќе мора да се задолжува кај граѓаните и банките со издавање државни записи или со емисија на еврообврзница.

Сличен е ставот и на професорката Марија Зарезанкова-Потевска, која вели дека тие што земаат повисока плата треба да плаќаат поголем персонален данок на доход од 10 проценти.

„Сепак, честото менување на даночната политика создава лош имиџ за државата, давајќи слика за неконзистентна владина политика. Се разбира, прогресивниот данок е поправичен, бидејќи оние што заработуваат повеќе би требало да плаќаат повеќе данок. Со прогресивната даночна стапка се мисли на сиромашните, но се обесхрабруваат големите да се развиваат и да се прошируваат зашто ќе плаќаат повисоки даноци. Сепак, ова прашање има и добри и лоши страни“, објаснува Зарезанкова-Потевска.

Се претпоставува дека Владата нема да воведе нов данок за богатите, бидејќи не се отстапува од замислата да се прикаже земјава како дестинација со ниски даноци, а и не се сака да се зададе нов удар врз џебот на граѓаните и компаниите.


#
Статијата е прочитана 2109 пати.

Испрати коментар

Од: Свилени Ракавици
Датум: 27.10.2010 12:10:44
Воведете прогресивен данок и сите бизнисмени и инвестиции ќе ви киднат од Македонија. Па ќе видите што е вистиниска невработеност и 0% бизнис инвестиции.
Од: vaga957
Датум: 27.10.2010 12:41:59
Се сложувам со тоа данокот да не биде ист за секого,туку во зависност од неговите примања така е најдобро и најчесно.Не може некој со примања од 63.000 евра да плаќа исто оној од 200 евра кои секогаш се земаат со закаснување.На истиот начин треба да се подесат и комуналиите се во сооднос на примањата.Мислам дека само на тој начин нема да има дискриминација на граганите, некои да се чуствуваат помалку вредни од другите.Но не верувам дека некогаш тоа ке се оствари,реализира.
Од: Citatel
Датум: 27.10.2010 14:22:50
Od koga 6.300 evra za danok se isti so 20 evra za danok? Nekako mnogu ednostavno se prenesuva toa deka e danokot ist. Ista e procentualnata stapka, da, ali ne i danokot koj ke se plati. Treba da se razmisluva deka sega od se sto ke zarabotam edna desetina i davam na drzavata. A toa za nikogo ne e malku. Vo tursko se plakal desetok i toa prestavuvalo golem problem za naselenieto, sega imame isto desetok, ali imame i danok na imot, pa DDV i drugi positni i pokrupni davacki. Turskoto bilo loso?
Од: Progresiven danok, definitivno
Датум: 27.10.2010 14:36:24
Vo Svedska, koja vazi za vistinska socijal-demokratska zemja, danokot za bogatite dostignuva i do 80% od steknatiot licen profit. Zatoa, mnogu bogati Svedjani se preselija vo danocnite ,,raevi,, (Andora, Monako, Lihtenstajn isl.). Aktuelnata vlast go vodede ramniot danok so cel vo predizborieto da gi dobie simpatiite na mekedonskitye tajkuni, no, potoa im svrte grb! Znaci pod itno treba da se vovede progresivno odanovuvanje, so toa sto danokot na dobivka na proizvodnite firmi, no, ne i za bankite, moze da ostane nizok (10%). Opozicijo, sto cekas?
Од: Marko
Датум: 27.10.2010 15:36:55
Како ли замислува некој комуналии да се плаќаат според примањата ? Исто стуја трошиме, ама јас ќе платам поефтино, зошто имам помала плата ??? Епа, навистина има секакви луѓе овде (без грам памет, „што на ум тоа на друм„). Што ли менаџираат толку добро платените менаџери? Сите кукаат салбо им одело, немале пари, не им давале кредити, извозот паднал, немале кај да пласираат. Ако им е така слабо, со кои приходи ли им ги плаќаат тие плати?
Од: kw
Датум: 27.10.2010 15:58:53
Cuvaj boze od vakvi eksperti kako Uzunov....ramniot danok e dobar i preveden a koj kolku zarabotuva toa e veke drug faktor kako obrazovanie sposobnost i sl.....Pa i toj covek plaka 6300 evra na 63000 evra znaci pomnozeno so 12 meseci sepak covekot plaka 75 600 evra godisno na ime danok....zasto nekoj treba da e kaznet za negovata sposobnost da zarabotuva
Од: zapad
Датум: 27.10.2010 16:13:53
jas celo vreme mak ce izleze od kriza kiga ce se vovede zapaden danok t.e. onoj koj ima 3-4pati i negore pogolema plata placa na zapad 60-75% dakon................
Од: Iva
Датум: 27.10.2010 19:45:24
Lugjeto ne dočituvaat dokraj se. Ist procent presmetan na različni plati ne dava ist apsoluten iznos. 10% na 200 i na 2000 € ne e ista suma na danok. Inaku apsolutno se soglasuvam deka so diganjeto na danočnite stapki ke si zamine i toa malku kapital što e vo zemjata. Makedonija ima ubedlivo najmalku stranski investicii vo regionot. Visinata na procentite ne go polni Budžetot, tuku opsegot na zafat t.e. poreskata baza, t.e. kvalitetnite firmi koi dobro ke rabotat, zarabotat, isplatat plati na vrabotenite i davački na državata.
Од: Skalesto odanocuvanje e najpravdeno
Датум: 27.10.2010 23:02:52
Do Citatel i kw. Pa pogledajte vo site zapadni zemji, SAD i Evropa sekade skoro se sproveduva progresivno odanocuvanje, odnosno onaj koj povece zarabotuva placa povisoka stavka( procent) kako danok.Da ne zborime za Skadninav. zemji. Toa e normalno vo sekoja normalna drzava. Ovaj danok mu odgovarase samo na tajkunite, a i Vladata se zalazuvase deka so toa ce privlekla stranski investicii. Kolku privlece vidovme.Ravniot danok e nepravdene prema siromasbnite sloevi na naselenieto koi edvam vrzuvaat kraj so kraj. Sto se odnesuva do cenata na komunilnite uslugi voda, struja i sl. taa ne smee da bide razlicita ,bidej'ci toa nema nikakva pazarna logika. Drzavata moze na socijalnite slucaevi da im alimentira % vo del od trosocite ,no ne smee da postoi cena za bedni i cena za bogati.
Од: kiroSAD
Датум: 28.10.2010 02:46:01
Vo Amerika bogatiot neplaka skoro nisto danok bidejki se pametni i gi znaat site dupki vo zakonot dodeka stapot go jadat onie so mali i sredni primanja , A za predlogot zasto ne se vratite vo komunizmot pa da se podeli bogatstvoto na sekoj ramnopravno .Tolku zloben i zavidliv narod ne postoi nikade vo svetot . sum setal dosta zemji fakt e ovaa....
Од: citatelka
Датум: 28.10.2010 09:04:58
Pa nie nesme razviena zemja kako sto gi posocuvate, Svedska i neznam koj, treba da mislite deka treba doparva da go dostigneme nivniot stepen na razvoj, a kako, sigurno ne so progresivno odanocuvawe, se e vo prestiz za vlast pa i statijava e za taa cel, manipulacija.

Најди! во Утрински
Економија
Евтините кредити уште поевтини и подостапни
Кој ќе печати, а кој вакумира книжни пари?
Пушењето се враќа на мала врата
Унгарците пикираа во што да вложуваат
Кој ќе седне во летачката фотелја?






No-confidence vote in Kosovo government leads to snap elections
Serbian president on historic visit to Croatia
Bulgaria least competitive country in the EU