Број 3338  среда, 21 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
Хроника

Деведесетгодишен старец убиен во Кучевиште

Владимир Гурмешевиќ починал по пресметка со синот, кој е пренесен во болница

Горан Адамовски



Деветдесетгодишен жител на скопско Кучевиште е убиен во семејната куќа во селото. Старецот починал по пресметка со 66-годишниот син, кој со повреди на телото е пренесен во болница. Во исказот пред полицијата, синот потврдил дека се степал со татка си, но, наводно, не можел да се сети како се случило убиството. Полицијата изврши увид и работи на расчистување на случајот.

Инцидентот се случил во понеделникот наутро во куќата на Гурмешевиќ во Кучевиште. Откако соседите алармирале за крвава пресметка, полицијата излегла на терен и во ходникот од куќата го пронашла мртов Владимир Гурмешевиќ (90). Тој имал видливи повреди по главата и по телото.

„Во куќата бил пронајден и неговиот син Д.Г. (66), кој, исто така, бил облеан во крв и со видливи повреди по главата и телото“, соопшти полицијата.

Повредениот маж бил однесен во Ургентниот центар, а во разговор со полицијата посочил дека најпрво се скарал со татка си, а потоа бил физички нападнат од него.

„Потоа не можел да се сети што се случило“, велат од истрагата.

На самото место биле пронајдени сатар, нож и траги од крв. Телото на починатиот е предадено за обдукција.

Семејната куќа на Гурмешевиќ вчера беше празна. Во незаградениот двор беа расфрлани секакви предмети и машини. Во шталата останаа кокошките и магарето, кои немаше кој да ги нахрани и да ги напои.

„Синот, кој е разведен веќе три-четири децении, и таткото живееја сами во куќата. Ретко излегуваа, се занимаваа со земјоделство. Синот често знаеше да се напие, ама и тогаш не правеше проблеми. Никогаш не сме ги чуле и виделе да се караат, ама којзнае што правеле дома“, раскажуваат шокираните соседи.

Индициите дека синот го убил таткото - ќе ги проверува полициската истрага, која треба да ги утврди и причините за злосторството.


#
Статијата е прочитана 573 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Хроника
И Палестинци во шверц низ земјава
Го снема канабисот зад „Буњаковец“
Убиена жена во престрелка во Србјани, Кичевско
Потврдени две години затвор за возачот на Тоше
Автомобил усмрти велосипедист