Убиена жена во престрелка во Србјани, Кичевско
Во престрелка што се случила во кичевското село Србјани е убиена една жена, а нејзиниот сопруг е ранет. Според првичните резултати од истрагата, која ја води истражен судија од Основниот суд Гостивар, станува збор за Г.Е. (28) од кичевското село Стрелци. Таа и сопругот дошле во посета кај нивни познајник од Србјани и почнале расправија, при што било извадено оружје.
По настанот, кичевската полиција го привела едниот од учесниците во расправијата, а ранетиот бил згрижен во кичевската болница од каде што е префрлен на лекување во Скопје. Можен мотив за настанот е неодамнешното убиство на печалбар, кој, пак, беше застрелан по грешка.
За еден и пол месец ова е петто убиство во Кичевско. (МИА) |