Број 3338  среда, 21 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
Хроника

Потврдени две години затвор за возачот на Тоше

Ѓорги Ѓорѓиевски е осуден на две години затвор поради сообраќајката во Хрватска, во која загина Тоше Проески

Апелациониот суд во Скопје ја потврди затворската казна за Ѓорги Ѓорѓиевски, возачот на „туарегот“ во кој пред речиси три години загина музичка ѕвезда Тодор Проески. Одлуката на Основниот суд Скопје 1, кој го осуди возачот на две години затвор, како што дознаваме, била донесена на 9 јули, а во текот на вчерашниот ден е испратена до судот, кој ја донесе првостепената пресуда.

Скопскиот Кривичен суд на 21 октомври 2009 година ја донесе првостепената пресуда со која го осуди Ѓорги Ѓорѓиевски на затворска казна за кобната несреќа во која загина познатиот пејач. Трагедијата се случи на 16 октомври 2007 година кога во близина на Нова Градишка „турегот“ во кој се наоѓаа Проески, неговата менаџерка Лилјана Петровиќ и возачот Ѓорги Ѓорѓиевски, удри во камион со српски таблички. Судирот беше кобен. На самото место загина дваесет и шестгодишниот Тодор Проески, додека неговите двајца сопатници беа полесно повредени.

На јавната седница на Апелација, која се одржа пред неколку недели, по жалбата на одбраната и Јавното обвинителство за висината на казната, Ѓорѓиевски изрази жалење на несреќата и остави на судот да одлучи за неговата судбина.

„Жалам за она што се случи. Го изгубив најдобриот другар и пријател“, рече тогаш Ѓорѓиевски. Низ солзи тој пред судиите на Апелација кажа дека од неговиот најдобар другар му останала само една заедничка фотографија, која ја покажа во судницата.

Неговата адвокатка, Силвија Џилвиџиева, бараше или првостепената пресуда да биде укината или на обвинетиот да му се изрече алтернативна казна, бидејќи, според неа, направени се повреди во постапката.

Како аргументи на одбраната беше посочено дека брзината од 152 километра на час со која се движел „туарегот“ била паушално одредена, а како голем пропуст на целиот процес се наведуваше и непојавувањето на возачот на камионот, Славиша Кузмановиќ, кој судот не успеа да го обезбеди од Белград.

Бранителката правеше споредби со хрватскиот закон за сообраќај на патиштата, каде што во вакви случаи се изрекувале многу поблаги казни поради болката и повредите што му се нанесени и на обвинетиот. Одбраната на возачот тврдеше дека неговата агонија трае речиси три години и дека тој подолго време е на лекување на Психијатриската клиника во Скопје.

Јавниот обвинител, пак, тврдеше дека пресудата не смее да биде укината, бидејќи во иднина тоа ќе претставува репер на кој ќе се повикуваат странки во некои идни вакви случаи. (Д.Т.)


#
Статијата е прочитана 1740 пати.

Испрати коментар

Од: jean luc picard
Датум: 21.07.2010 01:25:32
и две илјади години да му е казната, тоа нема да го врати Тоше. не знам зошто воопшто го осудија човекот. несреќен случај, Божја воља ќе речам јас...
Од: Irena
Датум: 21.07.2010 07:05:39
Kade e toj Slavisa? nikoj ne go vide?! I koj e Vlasto Nikolovski?!
Од: realen
Датум: 21.07.2010 09:39:11
Pa zar ima nekoj za koj nisto ne zali, no prasanjeto e kolkava e "tezinata" za storenoto, zagubenoto. Ako imase troska sovest, ovoj mlad g-din sam ke se si ja pobarase kaznata, a ne standardno da se zabeguva, depresii i sl. gluposti. P.S. Zosto MKD ne povede smetka za parite sto lezat vo Zagreb na ime avtorski prava za pocinatiot Tose. Hrvatite se i premnogu tolerantni na nasata posvetenost kon ne znam si sto. Sramota.
Од: SPIRIDON
Датум: 21.07.2010 11:00:24
Realen,samo čoveko znae šo nose u dušata i srceto.A da ne mu bil blizok prijatel na Toše,ne bi go vozel.Toše imaše golemina radi negovio hristijanski duh,i u taj konteks treba da go ostaeme čoveko so negovata bolka za zagubata na prijatelo.Pogolema kazna zdravje.A pravosudnio sistem neka si ja odrabote zadačata.Nebrežnos,no treba da pokaže i humanos radi toše.
Од: katarina
Датум: 21.07.2010 11:03:35
Nisto nema da go vrati Toska. I dozivotno da go osudat i da go utepaat isto mu se faka, Toska ni go nema.
Од: ana
Датум: 21.07.2010 12:27:25
ako imase trunka sovest-dosega sam ke se prijavese za otsluzuvanje na kaznata,a ne i zalba da podnesuva....... aza negovata psihicka sostojba....negov problem.....a za psihickata sostojba na najbliskite na Tose?????????????
Од: Apel
Датум: 21.07.2010 15:23:52
Bi bil sreken ako Gj.Georgievski se javi vo redakcijata na Utrinski i ja dostavi svojata adresa - ili pak od redakcijata ja dobie mojata adresa, kako bi bil dostoen, a voedno i go ispolnam moeto vetuvanje, da mu poklonam neshto shto sekako mu pripagja nemu i negoviot dolgogodishen dokazan drugar Toshka. P.S. / Mozebi Gjole i ne ja sledi shtampata -pogotovo elektronskata, pa negovite bliski ili drugari bi gi zamolil da go informiraat dokolku se vo moznost...Blagodarnost i pozz.

Најди! во Утрински
Хроника
И Палестинци во шверц низ земјава
Го снема канабисот зад „Буњаковец“
Деведесетгодишен старец убиен во Кучевиште
Убиена жена во престрелка во Србјани, Кичевско
Автомобил усмрти велосипедист