И Палестинци во шверц низ земјава
Триесетдневен притвор им е одреден на З.П. (44) од Идризово и на Д.Б. (47) од Куманово поради шверц на илегалци. Како што соопшти МВР, завчераутро во близина на Битола биле запрени два автомобила, БМВ и „форд ескорт“, управувани од З.П. и од Д.Б., во кој биле затечени осуммина палестински државјани без патни исправи, кои илегално влегле во земјава. Тие се пренесени во Прифатен центар за странци во Скопје, а против уапсениот македонски двоец е поднесена кривична пријава. (Г.А.) |