Број 3271  петок, 30 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил
Магазин

Site Meter
Свет

Нафтата не престанува да тече

БАТОН РУЖ - Американската крајбрежна стража соопшти дека од изворот каде што во минатата недела потона нафтената платформа во Мексиканскиот Залив, истекува петпати повеќе нафта отколку претходно, како што се претпоставуваше. Контраадмиралот Мери Лендри изјави дека се верува оти дневно истекуваат 5.000 барели во морето, на 80 километри од брегот на Луизијана. Контраадмиралот Лендри посочи дека е откриено и трето истекување на локацијата.

Претходно, припадниците на крајбрежната стража запалија дел од нафтената дамка во обид да се спасат еколошки кревките мочуришта. „Контролираното палење“ на нафтената дамка се случи на област на околу 50 километри источно од делтата на реката Мисисипи, откриваат официјални лица. Дамката сега изгледа толку голема што се пресметува дека за помалку од два месеца би можела да биде еднаква на истекувањето на 11 милиони галони од нафтениот танкер „Ексон Валдез“ во близина на Алјаска во 1989 година. (Би-Би-Си)


#
Статијата е прочитана 703 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Свет
Нов напад на деца во Кина
Тежок живот за имигрантите во Аризона
Зошто се' уште е нормално да се удри дете?
Изборен гаф на Гордон Браун
Шведска ја забрани физичката казна