Нов напад на деца во Кина
ПЕКИНГ - Дваесет и осум деца и тројца возрасни се повредени од човек со нож во градинка во источниот дел на Кина, трет ваков напад за еден месец. Официјалните лица изјавија дека пет деца се однесени во болница во критична состојба, откако се случил инцидентот во провинцијата Џијангсу. Тој уследи по нападот со нож во средата, во јужниот дел на земјата, кога беа повредени 16 ученици и еден наставник.
Претходно во текот на денот, еден лекар беше егзекутиран за убиство со нож на осум деца во провинцијата Фуџијан во март годинава. Наводниот напаѓач во Џијангсу беше именуван од страна на полицијата како Ксу Јујуан, 47-годишен невработен маж. Тој ги нападнал децата во градинката Жонгзин во градот Таиксинг, пред почетокот на часовите, избодувајќи го припадникот на обезбедувањето. (Би-Би-Си) |