Број 3271  петок, 30 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил
Магазин

Site Meter
Свет

Изборен гаф на Гордон Браун

Премиерот навреди гласач без да забележи дека микрофоните се отворени

Од нашиот дописник
Томислав Ивановски

ЛОНДОН - Британскиот премиер Гордон Браун навреди една жена-гласач, откако не забележувајќи ги отворените репортерски микрофони, за себе и за својата придружба ја коментираше штотуку завршената предизборна средба во англискиот град Рокдејл, со група постари жители.

По кусиот разговор, воден од нога, со пензионерката Џилијан Дафи, лидерот на лабуристите одејќи кон службеното возило, уште веднаш на придружбата им забележал дека „жената е лицемерна“ и дека целиот разговор со неа бил катастрофа.

Во изјава за британските медиуми, револтираната Дафи рече дека е „мошне вознемирена и разочарана од таквото однесување на премиерот“, велејќи дека најмалку што може да направи е да и' се извини.

„Го прашав за неговото мислење како гласач и како жител на оваа земја, за пензионерите и за нивната положба, за загрижувачки големата имиграција од Источна Европа, за разните давачки што постојано растат, но не очекував од него такви коментари, по нашиот разговор“, рече жената. Таа за себе вели дека била симпатизер на лабуристите и уште го пофали работењето на Браун како министер за финансии во претходната влада на Тони Блер, но таа не крие дека не е задоволна од него како премиер. „Сега е сигурно дека нема да гласам за лабуристите“, рече Џилијан Дафи.

Во дијалогот на гласачот Дафи со премиерот Браун, што трае само околу три минути и веднаш беше емитуван на сите телевизиски станици, може да се забележи дека лидерот на лабуристите можеби и некако знае да се носи со своите политички противници, но има тешкотии да дојде до збор со политички добро информираната и упорна пензионерка, која настојува на првата средба што ја има во својот живот со еден британски премиер, да му каже што е можно повеќе забелешки за работењето на оваа влада во изминатите три години, откако Браун е нејзин претседател.

Сите нејзини прашања се „политички тешки“ и непријатни за Браун и за неговите министри, затоа што прашањата околу општинските давачки, даноците, положбата на пензионерите сега и во иднина, како и имиграцијата, се темите на кои напаѓа домашната опозиција, а посебно Дејвид Камерон и неговите конзервативци. Лабуристите во кампањата упорно инсистираат на тоа дека нивните постигања се големи и речиси незаменливи, па дека безмалку, секој што ќе ги нападне постигнувањата на владата во овие сектори, има погрешно мислење.

Тоа може да се заклучи и од грубата реакција на Браун, кому очигледно не му се допадна испрашувањето за работи за кои тој не може да возвраќа како кога полемизира со политичарите од опозицијата, уште повеќе што дијалогот со пензионерката Дафи беше сниман, па затоа и постапи онака како што постапи. Ова е првиот посериозен гаф досега на некои од политичките лидери во изборната кампања. Браун уште еднаш покажа дека тешко се снаоѓа со техниката и со нејзините можности, па затоа и се однесува невнимателно во овој за него и за лабуристите непријатен инцидент. Мислејќи дека микрофоните се веќе исклучени и дека никој не може да го чуе, тој веднаш штом ќе и' го сврти грбот на малата толпа гласачи во Рокдејл, дојдени да се сретнат со премиерот, почнува со дискфалификацијата на жената оценувајќи ја нивната средба како целосно промашување.

Зборувајќи им на своите советници пред „скриените микрофони“ кои се' бележат, Браун вели дека, всушност, целата средба со луѓето од Рокдејл била „катастрофа“, а потоа се слуша како ги прашува луѓето околу себе за тоа „чија била идејата да му се понуди дијалог токму со оваа жена“ и ги критикува советниците што средбата е воопшто организирана. Кога еден од придружбата го прашува премиерот што тоа Дафи прашувала, Браун одговора - „се' и сешто“. Таа ми рече дека е лабуристички симпатизер, но тоа се глупости, таа беше лицемерна, коментира Браун пред отворените микрофони, што го следат се' додека тој не ја затвора вратата од своето службено возило.

Гафот на лидерот на лабуристите во место што може да го загуби оваа партија на изборите од либералдемократите, беше пречекано од опозицијата со нескриено задоволство. Прво затоа што се покажа дека луѓето ја делат загриженоста за проблемите и состојбите што постојано ги посочува домашната опозиција, а што лабуристите се обидуваат да ги потиснат, а потоа и затоа што навредата за гласачот од Рокдејл, според нив, е уште еден доказ за тоа каков човек во реалноста е актуелниот британски премиер. Овој гаф за нив е потврда за грубоста на Браун, што уште пред почетокот на изборната кампања ја открија некои од неговите соработници и советници во Даунинг стрит 10. Премиерот во изјава преку радио Би-Би-Си, подоцна ја призна грешката и јавно и' се извини на Џилијан Дафи.


#
Статијата е прочитана 2053 пати.

Испрати коментар

Од: х
Датум: 30.04.2010 11:27:49
.Шо,фино,најсофистицирано детекторче.Инаку би морало да биде вистинито равенството:Гафот на Браун+последиците од него=денешен Марфи.Инаку пред некое време,рече,Марфи.��ајголемите изуми се пронајдени случајно
Од: Komentator
Датум: 30.04.2010 11:34:12
Ova ne e GAF...ova e vrificirana vistina za stavot na policitarite...koj uspesno go krijat kako volk vo jagneska koza...!!!
Од: Bojan
Датум: 01.05.2010 02:12:36
Totalno e promasen ili da kazam pogresno nasocen, gnevot na lugjeto koga stanuva zbor za ovoj incident. Dokolku nekoj go ima poglednato klipot vo koj se slucuva interakcijata izmegju Braun i Duffy, ubavo se slusa kako Duffy e navistina licemerna i uste povekje navredliva, so toa shto komentira za istocno evropejcite. Koga zbori za imigracijata na istocno evropejci, taa gi koristi slednive zborovi "flocking Eastern Europeans". Zarem neli e navredlivo i polno so predrasudi mislenje koe taa go drzi za grupa na lugje koja taa ja smeta za ista. Zarem neli e navredlivo i polno so predrasudi da bi sakal da namalish imigracija na odreden narod poradi toa od kade tie doagjaat i kakvo mislenje imas ti za niv, bez da se zapazi vnimanie za dali i kolku istocno evropejcite koi ziveat vo Britanija pridonesuvaat vo toa opstestvo i vo budzetot na drzavata. Zemajki go toa vo predvid, komentarot na Braun bese sosema na mesto.

Најди! во Утрински
Свет
Нов напад на деца во Кина
Нафтата не престанува да тече
Тежок живот за имигрантите во Аризона
Зошто се' уште е нормално да се удри дете?
Шведска ја забрани физичката казна