Број 3271  петок, 30 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил
Магазин

Site Meter
Свет

Зошто се' уште е нормално да се удри дете?

Пред 31 година, Шведска забрани физичко казнување и стана првата земја која ги забрани сите форми на насилство врз децата, вклучувајќи и насилство во домот. Од првиот чекор што го направи Шведска пред 31 година, повеќето од 47-те земји-членки на Советот на Европа го следеа тој пат и се заложија да стават крај на сите физички казнувања. Меѓу тие земји е и Македонија.

„Сепак, по години на дискусии, законодавство, образование на таа тема и истражување кое ги покажува штетните ефекти од физичкото казнување, на многу места се' уште е совршено нормално да се удри дете“, наведува во својата статија за правата на детето комесарот за човекови права на Советот на Европа, Томас Хамарберг. Според него, и идејата за казнување на децата на тој начин е одраз на стариот страв дека ќе се загуби контрола врз детето, а тоа може да се направи со зборови. „Не треба да ги учиме децата дека е прифатливо несогласувањата да се решаваат со насилство“, вели тој, дополнувајќи дека живеењето под константна закана од насилство е штетно за млада личност во развој. Всушност, истражувањата покажуваат дека децата кои почесто се тепаат на тригодишна возраст се со поголема веројатност да бидат агресивни на петгодишна возраст.

Постојат три главни аргументи во кои е резимирано зошто не смееме да дозволиме децата да бидат тепани, наведува Комесарот за човекови права на СЕ, според кого тоа е човеково право и правен императив. „Реагираме многу силно кога се тепа возрасен, а би биле длабоко вознемирени ако вжештена дискусија заврши така што опонентот не' удри в лице. Зошто би било прифатливо децата да бидат тепани - особено од некого од кого зависат“, прашува Хамарберг. За него, физичкото казнување е понижувачко и претставува напад врз самопочитта и самодовербата на децата и покажува непочитување на нивниот човечки дигнитет и ги учи дека насилството е соодветен начин да се реши конфликт.

„Шведското искуство покажува дека Законот против физичко казнување може да го смени ��днесувањето на луѓето. Пред 31 година, оваа идеја беше мошне контроверзна во Шведска, но по само две години, родителите беа добро информирани за законот и се забележа видливо опаѓање на тепањето“, заклучува Хамeрберг. (Т.Г.)


#
Статијата е прочитана 1195 пати.

Испрати коментар

Од: Komentator
Датум: 30.04.2010 12:16:48
e gospoda Svedi...stapot kako vospitna merka od rajot e iskocen...ne me tepale kako dete nitu sum tepal ..svoi deca ama uste pametam dve tri slakanici od tatko mi sto gi zasluziv a toa i bese dobra vospitna merka ...! Gospoda Svedi kaj vas nemase tepanje na deca tuku maltretiranje ..kako i vo celata EU sto go ima vo prikriena forma ...nezadovolstvo na roditelite ide na grbot na decata ...Taa rabota veke zema zamav i kaj nas ...i navistina e tesko da vidis pretepano dete...I na kraj neznaes sto e postaro jajce ili kokoskata zosto koga ke gi vidam denesnite deca sto pravat dolu vo dvorot kako se pravat kabadahii..i se unistuvaat pred sebe..od novoto decko igraliste ostana samo ruina ..togas vikam deka ni nedostiga "starata vospitna merka " stapot...a toa da ti nedostika vo 21 vek e navistina strasno....!!
Од: јака фора
Датум: 30.04.2010 13:28:34
Уште малку па законот сам ќе си се повлече.Благодарение на демократските процеси,децата сами ќе си се испотепаат,па ќе нема потреба од тепање.Едноставно ќе ги нема.Денес нормално е да се злоупотреби,да се убие,да се тргува со нив.Само не да се тепаат.
Од: Realen
Датум: 30.04.2010 19:45:12
Tepanjeto e osnovna vospitna merka vo svetot. Ako nekoja pomala zemja ne bide poslusna - odma ke bide tepana od golemite (Pr. Vietnam, Libija, Avganistan, Srbija, Irak, Gruzija,...i mnogu drugi). Zatoa, decata treba da se pottepnuvaat koga se losi i neposlusni. Toa ke gi podgotvi podobro da go razberat svetot koga ke poransat.

Најди! во Утрински
Свет
Нов напад на деца во Кина
Нафтата не престанува да тече
Тежок живот за имигрантите во Аризона
Изборен гаф на Гордон Браун
Шведска ја забрани физичката казна