Број 3271  петок, 30 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил
Магазин

Site Meter
Свет

Тежок живот за имигрантите во Аризона

Новиот закон ја принудува локалната полиција да ги испрашува луѓето за нивниот имигрантски статус

ФЕНИКС - Виновен додека не се докаже невиноста. Или уште поточно: нелегален додека не се докаже невиноста. Тоа е она што расистичкиот закон за имиграција, потпишан во петокот минатата недела од гувернерот на Аризона, Џен Бруер, им прави на луѓето од таа држава. Сега, секој може да биде сопрен од страна на полицијата во секое време без некоја посебна причина, освен бојата на неговата кожа. Тие може да бидат испрашувани за нивниот имигрантски статус и се принудени да ги носат документите 24 часа секој ден.

Иронично, главниот спикер на „Фокс њус“ Шепард Смит, не некој голем застапник на правата на имигрантите, беше тој што најдобро ја дефинираше веќе злогласната Резолуција 1070 како законот „дише и покрај тоа што е латино“. Тоа многу личи на стариот закон „вози иако е црнец“. Смит точно укажа, осврнувајќи се на времето кога огромен број афроамерикански возачи, наводно, биле сопирани од државната полиција на Њу Џерси. Изгледа дека во Аризона - која со голема брзина си го создава имиџот за себе си како Алабама на Запад - оние со потемна боја на кожата се новите црнци. Републиканецот Чарлс Ранџел постави умесни прашања: „Кажете ми, како изгледа лице без документи? Како изгледа еден илегалец? И колку далеку некој ќе оди за да го докаже тоа?“

Очигледно, во Аризона некои се подготвени да одат толку далеку, дури и да го игнорираат Уставот, газејќи ги човековита права и станувајќи полициска држава. Новиот закон ја принудува локалната полиција да ги испрашува луѓето за нивниот имигрантски статус ако се посомнева дека се илегално влезени во САД. Тоа е исто како да велите ако „изгледаш како странец“, може да ти биде поставено прашањето „вашите документи, ве молам“.

Не треба да бидете научник по ракетна технологија за да сфатите дека резолуцијата 1070 прави расно профилирање и го дискриминира законот за земјата во државата на поранешниот дисидент Џон Мекејн. Додека зборуваше за илегалните имигранти, стариот сенатор во една пригода рече: „Треба да седнеме како Американци и да признаеме дека и тие се божји деца“. Сега изгледа дека Мекејн стана голем поддржувач на Резолуцијата 1070. Меѓутоа, да не бидеме толку строги кон промената на мислењето на Мекејн. Тој, на крајот на краиштата, се бори за својот политички живот на прелиминарните партиски избори кај републиканците против Џ.Д. Хејворд, конзервативец со екстремни антиимигрантски ставови. И ако за да ги натера републиканците од Аризона да гласаат за него, добриот сенатор треба да ги предаде божјите деца, тогаш тоа и ќе го направи. Жално.

„За жал, Аризона е само еден пример за токсичната клима во која сега се наоѓаат имигрантите“, вели Енџела Фернандес, извршен директор на Коалицијата за права на имигранти во северен Менхетен. Сепак, голем дел од разочараноста на менаџеријата на сортирани прафашисти, безкарактерни политичари, приврзаници за супериорност на белата раса и професионални трговци со омраза кои се лигават над изгледите за легално расно профилирање и дискриминација врз латинопопулацијата, Резолуцијата 1070 би можела да биде среќа под превезот на несреќата за имигрантите.

За едни таа појасни дека одолговлекувањето на реформите во однос на имиграцијата од страна на Конгресот и претседателот Обама мора да сопре. Исто така, бесот меѓу имигрантите и нивните симпатизери инјектираше нова милитантност во движењето за правата на имигрантите.

Откако Бруер го потпиша законот, организаторите забележаа големо зголемување на бројот на лица кои планираат да им се приклучат на демонстрациите на национално ниво планирани за 1 мај, утврден ден за активизам за правата на имигрантите. Во Њујорк двата најголеми собира ќе се случат на Јунион сквер и Фоли сквер. „Единствен начин да се одговори на овој неамерикански закон и да се сопре грдата струја за криминализирање на имигрантите е претседателот да преземе храбра акција за да ги сопре бесмислените депортации и да го употреби лидерството за донесување праведни и хумани реформи во Законот за имиграција“, вели Чанг Ва Хонг, извршен директор на Њујоршката имиграциона коалиција. Тоа нема да се случи без неуморна ангажираност на имигрантите и прогресивните Американци.


#
Статијата е прочитана 1023 пати.

Испрати коментар

Од: steve
Датум: 02.05.2010 02:50:02
Dali samo mozete da zamislite,tie koj prestojuvaat bez pravo znaci automatski go prekrsile zakonot nelegalno prestojuvaat ili vlegle vo Amerika e sega tie sto nemaatpravo za prestoj baraat covecki prava na prekrsitelite,sekoj neli koj pominal tuga granica treba da bide kaznuvan ili deportiran arno ama koga im trebea takvi na Amerika ne bese vazno dali si nelegalen samo da si ja pulis rabotata nikoj ne te giba e sega ne im treba takvi lugi(emigranti) pa ke gi teraat nasila nadvor.

Најди! во Утрински
Свет
Нов напад на деца во Кина
Нафтата не престанува да тече
Зошто се' уште е нормално да се удри дете?
Изборен гаф на Гордон Браун
Шведска ја забрани физичката казна