Број 3080  понеделник, 07 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Скопје

ЕВН се подготвува за зима со реконструкции на мрежата

Инвестирањата ќе го подобрат снабдувањето со струја, особено во зима кога има чести испади во мрежата



Снежана Калабакова



Реконструкција на електричната дистрибутивна мрежа, изградба на нови трафостаници, санирање на нисконапонската мрежа и растоварување трафостаници, се дел од активностите што ги презема ЕВН во тек на летниве месеци во Скопје. Ваквите зафати ќе овозможат подобро снабдување со струја, особено во зимскиот период кога се случуваат чести испади во мрежата.

Само во Скопје во последните три месеци се изградени или се реконструирани со зголемување на капацитетот десетина трафостаници. Дел од нив се за потребите на северната трибина на Градски стадион, една во Патишка Река, во Хиподром, Бунарџик, Козле, Горче Петров, Визбегово. Летово во Скопје е извршена замена на околу 25.000 стари броила, што е обврска со Законот за енергетика и стандардизирање на крајната мрежа. При сите дислокации или реконструкции на мрежа, ЕВН промени и голем број столбови, односно дрвените бандери ги замени со бетонски, кои нудат поголема сигурност при снабдувањето, особено кога има лоши временски услови. Од почетокот на годинава досега во Македонија се инвестирани околу 15 милиони евра.

Во корисничко-енергетскиот центар "Аеродром" беше реконструирана среднонапонска мрежа на далноводот "Каменолом", со што жителите на општината Сопиште и на околината добија подобра напонска состојба. Реконструкција на мрежата е направена и на улица "Маркова Река". Зголемени активности за санирање на нисконапонска мрежа има и во КЕЦ "Васил Главинов". Поконкретно за проектот "Намалување загуби и зголемување напон", направена е реконструкција со дислокација на мрежа на улиците "Стојна Стефкова" и "Серава".

"Некои од зафатите што ги презеде ЕВН беа планирани, а дел беа интервентни и произлегуваа тековно. Она што е битно, тоа е дека како што се преземаат активности во Скопје, паралелно се работи и во другите градови, се' со цел да се подобри снабдувањето со електрична енергија во претстојнава зима", вели Ленче Карпузовска, портпаролка во ЕВН.

Во планираните летни активности на ЕВН беше влезена и населбата Бутел. Растоварување трафостаница и реконструкција на мрежа со нов кабел со резерва за следните десет години беше реализирано на улицата "Петар Манџуков". И во КЕЦ "Ѓорче Петров" е реконструирана нисконапонската мрежа на улицата "Сремски фронт", а потоа е извршена реконструкција на мрежата во ОУ "Димитар Поп Горгиев" и на повеќе улици во Козле.

За потребите на општината Аеродром се извршени дислокации на мрежата на улиците "Петар Ацев", "Венијамин Мачуковски" и "Анастас Митрев". По барање на Градот, дислоцирана беше и мрежата кај Тутунски комбинат, а вакви дислокации беа реализирани и на улицата "8 Септември", потоа во селото Сарај, во населбите Шуто Оризари, Карпош и Ѓорче Петров, наменски за бензинска на "Макпетрол", како и на улицата "Кузман Шапкарев". Од ЕВН велат дека освен овие поголеми, направени се и голем број дислокации на мрежата за потребите на приватни лица.

 


#
Статијата е прочитана 287 пати.

Испрати коментар

Од: Sekogas tuka za vas
Датум: 07.09.2009 09:13:37
Kako i vo minatite godini, ostanuva samo da se pocekaat prvite poladni denovi so zgolemena potrosuvacka i da se vidi kakvi podgotovki se napraveni. Izminative tri godini vidovme i defekti so nekolkudnevni prekini ,celi gradovi i sela bez struja i havarii, a kakvo lajt-sou ne ocekuva od silnite investicii na EVN - ke vidime doprva.
Од: Od Skopje
Датум: 07.09.2009 10:00:29
Zoshto site se plashat da progovorat za promenata na broilata? Broila se plateni so nashi sredstva i se vo nasha sopstvenost , a sega EVN gi demontira istite , gi zamenuva so novi koi se vo sopstvenost na EVN, a nie treba broilata t.e. dadenite pari za niv da gi frlime na djubrishte i pokraj toa shto si ja vrshat rabotata. Ovaa situacija mi lichi kako privatizacijata na telekomot i parite uplakani za dobivanje na telefonska linija, za goi gradjanite trebashe da dobijat obesshtetuvanje.

Најди! во Утрински
Скопје
Привршува изградбата на атмосферската канализација на „Илинденска“
Се чистат диви депонии
Бехатон-плочки пред Школка
Реконструкција на детските игралишта